10 најочекувани филмски премиери за првата половина од 2026-та

The Super Mario Galaxy Movie

  • 3-ти април

Можеби најпопуларниот лик од видеоигра следната година (повторно) доаѓа на големото платно.

Филмот е продолжение на The Super Mario Bros. Movie и овој пат Марио и неговата дружина одат на авантура во вселената.

The Devil Wears Prada 2

  • 1-ви мај

По две децении, конечно ќе го видиме долгоочекуваното продолжение на култниот The Devil Wears Prada, секако, со единствените Мерил Стрип и Ен Хатавеј во главните улоги.

Во новиот филм, ладнокрвната уредничка Миранда е пред пензија, но мора да се соочи и со нејзината поранешна асистентка Емили која сега ѝ е ривалка.

Mortal Kombat II

  • 8-ми мај

Mortal Kombat не е филм за сите, но дефинитивно е на листата за гледање на оние кои пораснале со популарната видеоигра (или уште ја играат).

Ова е уште едно продолжение за 2026-та, овој пат на филмот од 2021 година.

Познатите ликови од претходниот филм се здружуваат за да се соочат со злобниот Чао Кан кој сака да го уништи нивниот свет.

The Mandalorian and Grogu

  • 22-ри мај

По огромниот успех на серијата The Mandalorian (и слаткиот лик Грогу), следната година ќе има и продолжение, но во форма на филм.

Филмот е како замена за четвртата сезона од серијата, а дејството е сместено по падот на Галактичката империја.

Педро Паскал ја репризира својата улога, а покрај него се појавуваат и Сигурни Вивер и Џереми Ален Вајт.

Toy Story 5

  • 19-ти јуни

За крај, уште едно продолжение, и тоа на серијалот што направи револуција во 3Д анимацијата пред точно 20 години.

Во Toy Story 5, веќе добропознатите ликови се соочуваат со потполно нов проблем – нивната сопственичка, 8-годишната Бони, многу повеќе сака да си игра со својот таблет, отколку со нив.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...

Најчитани неделава