Гоце Цветановски со специјална награда во Белград за придонес во филмската уметност

Македонскиот режисер и сценарист Гоце Цветановски доби специјална награда за придонес во филмската уметност и индустрија на 19. издание на Српскиот фестивал за фантастични филмови, еден од најзначајните регионални фестивали посветени на жанровскиот и авторскиот филм.

goce-cvetanovski-so-specijalna-nagrada-vo-belgrad-za-pridones-vo-filmskata-umetnost-01.jpg

Свеченото отворање на фестивалот се одржа во Културниот Центар во Белград, во присуство на бројни филмски автори, професионалци и љубители на фантастичниот филм. На настанот присуствуваше и директорот на македонскиот Културно-информативен центар во Белград, Васко Шутаров.

Наградата на Цветановски му беше врачена по проекцијата на оскаровецот „Поплава“, по што следеше панел-дискусија на тема иднината на анимираниот филм во регионот. На панелот, покрај Цветановски, учествуваа и истакнатите автори Растко и Ивана Чириќ, Никола Мајдак и Алекса Гајиќ, кои разговараа за предизвиците, новите технологии и можностите за регионална соработка во современата анимација.

При примањето на наградата, Цветановски се наврати на своите почетоци и емотивната врска со фестивалот:

„Мојата прва награда во кариерата ја добив токму на овој фестивал, за краткиот игран филм ‘Мал дисконтинуитет во време-просторот’ во 2014 година. Затоа ова признание за мене носи особена емоционална и професионална вредност.“

Наградата доаѓа како признание за долгогодишната авторска работа на Цветановски и неговиот придонес во современиот филм, со посебен акцент на фантастичниот и анимираниот жанр.

Би можело да ве интересира:

Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
Синот на Тамара Тодевска дебитира на филмското платно: Почна снимањето на новиот филм на Небојша Јов... Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен насл...
Штркот Силјан вечерва ќе слета на Менхетн – премиера на филмот на Тамара Котевска Вечерва во легендарниот IFC Center во Њујорк ќе се одржи американската премиера ...
Актери кои освоиле Оскар секојпат кога биле номинирани Кристоф Волц има освоено две статуетки за споредна улога, и тоа во филмови на Кв...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Овации за „Приказната за Силјан“ во Њујорк - Нашиот кандидат за Оскар ја освојува американската публ... Филмот на Тамара Котевска, кој претендира за номинација за Оскар, имаше премиера...

Најчитани неделава