10-те најпопуларни (и најдобри) филмови од 2025-та, според IMDb
Хорор-филмови, акциона комедија со Леонардо ди Каприо, но и одличната адаптација на „Франкенштајн“ од Мери Шели.

Пред самиот крај на годината, треба да се присетиме на филмовите што ја одбележаа 2025-та.
IMDb е можеби најдобрата платформа за ова, а веќе е познато и кои се најпопуларните филмови за годинава.
Ова не се филмовите со највисока оценка на платформата, туку филмови кои привлекле најмногу внимание, а сепак имаат и солидна оценка.
Па, кои филмови од 2025-та не треба да ги пропуштите?
Superman
Факт е дека не недостасуваат филмови (и серии) за Супермен и се чини дека секоја година гледаме нова адаптација на популарниот стрип. Но, Superman од 2025-та се покажа како пријатно изненадување.
Во новиот филм, Супермен веќе е познат суперхерој кој тргнува на мисија да го разбере своето потекло.
Но, истовремено мора да се соочи со злобниот Лекс Лутор чија единствена цел е да го уништи.
One Battle After Another
Со Леонардо ди Каприо, Шон Пен и Бенисио дел Торо во главните улоги, One Battle After Another е комбинација од комедија и акција.
Главниот лик е некогашен револуционер кој живее изолиран од светот, заедно со неговата ќерка.
Но, одеднаш се појавува негов стар непријател и ќерка му исчезнува, па тој почнува да ја бара.
F1: The Movie
F1: The Movie е драма која не е снимена според вистинска приказна, но го претставува спортот мошне реалистично.
Главниот лик, што го глуми Бред Пит, е Формула 1 возач кој доживува несреќа што речиси му ја завршува кариерата.
30 години подоцна, кога веќе е во пензија, тој е најмен да обучува млад тим возачи.
Sinners
Ако ви се допаднал Form Dusk Till Dawn на Тарантино, дефинитивно ќе уживате и во Sinners.
Дејството е сместено во 1930-тите, кога двајца браќа се враќаат во родниот град, сонувајќи за нов почеток.
Но, набрзо откриваат дека во градот демне големо зло.
Weapons
Добрите хорор-филмови стануваат реткост бидејќи ни се чини дека веќе „се е видено“. Но, Weapons (заедно со Sinners) го менува ова.
Дејството на филмот е сместено во мал град каде една ноќ, во исто време исчезнуваат сите деца од паралелка, освен едно.
Не можејќи да сфатат што се случило, нивните семејства пробуваат да ја решат мистеријата.
