10-те најпопуларни (и најдобри) филмови од 2025-та, според IMDb
Tron: Ares
Годинава го гледавме долгоочекуваното продолжение на серијалот Tron и иако разочара некои фанови, сепак се вбројува меѓу најпопуларните филмови од годинава.
Во новиот филм, многу напредна вештачка интелигенција го напушта дигиталниот свет за опасна мисија.
Thunderbolts*
Веќе е тешко да се следат сите филмови и серии од универзумот на Марвел, но Thunderbolts* се покажа како добро освежување.
Главните ликови се група антихерои испратени на опасна мисија која ги присилува да се соочат со своето мрачно минато.
Ballerina
John Wick е меѓу најуспешните понови филмски серијали.
Новиот филм, Ballerina, претставува приквел на четвртиот филм, односно дејството е сместено пред настаните во Chapter 4.
Главниот лик е девојка која е трениран убиец и сака да се одмазди за смртта на нејзиниот татко.
Frankenstein
Адаптацијата на Гиљермо дел Торо веќе е фаворит кај фановите на истоимената книга од Мери Шели.
Главниот лик е научникот Виктор Франкенштајн кој создава чудовиште од човечки делови.
Но, набрзо почнува да ја мрази својата креација која можеби ќе води и до неговата пропаст.
Mission: Impossible – The Final Reckoning
Со The Final Reckoning, Том Круз се збогува со серијалот од кој беше дел скоро три децении.
Во новото продолжение, неговиот лик, агентот Итан, мора да се соочи со вештачка интелигенција која претставува глобална закана.
Спирова С. | Црнобело
