10 популарни серии што (ќе) имаат нови сезони во 2026-та

Последната сезона од Outlander, долгоочекуваната четврта сезона на From, но и новата сезона од медицинската драма The Pitt - што ќе гледаме годинава?

10-popularni-serii-shto-kje-imaat-novi-sezoni-vo-2026-ta-01.jpg

Ако лани ги гледавме Wednesday и The Last of Us, годинава ќе добиеме нови епизоди за серии кои ги чекаме и подолго од година-две.

Датумите за премиерите на новите сезони на некои серии се објавени, а има и серии кои веќе ги добија новите епизоди годинава.

За некои популарни серии само е најавено дека ќе имаат нова сезона во 2026-та. Односно, додека не биде одреден точен датум, секогаш постои можност сезоната да биде одложена, дури и за следната година.

Кои популарни серии годинава имаат (или веќе имаат) нови сезони?

  • За секоја серија е ставен последниот достапен трејлер, па може да има спојлери од претходни сезони.

The Pitt

Медицинската драма што доби пофалби и од медицински лица за својата искреност годинава ја има својата втора сезона, која почна да се емитува на 8-ми јануари.

Дејството на серијата е сместено во болница во Питсбург, а се фокусира на работата на тамошните вработени и нивните лични драми.

Bridgerton

Нова сезона ќе има и популарната романтична серија – првиот дел од четврта сезона ќе почне да се прикажува на 29-ти јануари.

Главните ликови во серијата се членови на аристократско британско семејство кои пробуваат да најдат љубов.

The Night Agent

Третата сезона од популарниот трилер ќе почне да се емитува на 19-ти февруари.

Главниот лик во серијата е ФБИ агент кој сосема случајно се вплеткува во заговор поврзан со Белата куќа.

Outlander

За жал, годината ќе се емитува осмата и последна сезона од историската фантазија Outlander, и тоа на 7-ми март.

Во серијата, главниот лик е Клер, млада жена која по завршувањето на Втората светска војна, сосема случајно се враќа назад во времето, односно во 1700-тите во Шкотска.

https://www.youtube.com/watch?v=s08y9tzti14

The Boys

На осми април излегува петтата сезона од забавната серија The Boys, каде главните ликови се всушност антагонисти.

Тие се суперхерои кои наместо за добро, одлучуваат да ги користат нивните моќи само во своја корист.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 премиери и нови сезони на серии до крајот на лето 2026 Римејк на морничавиот Cape Fear од 1991-ва, адаптација на популарната Lord of th...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 филмови од 2026 кои ги освоија симпатиите на публиката Project Hail Mary со Рајан Гослинг, Send Help со Рејчел Мекадамс, Wuthering Heig...
10 популарни понови серии на HBO (кои се достапни и на стриминг платформата) Euphoria чија нова сезона ги подели мислењата или The Pitt, медицинската драма к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg