10 романтични филмови на Нетфликс, совршени за Денот на вљубените
Pride and Prejudice кој веќе е класика или, пак, Isn’t it Romantic ако сте расположени за комедија.

Без разлика дали Денот на вљубените ќе го прославите со саканата личност, со пријатели или сами, веруваме дека во план ви е да изгледате и некој филм.
Ако, пак, сте расположени за љубовна приказна, сигурно ќе ви се допадне нешто од нашите предлози.
10 романтични филмови на Нетфликс:
Sweet Home Alabama
Главниот лик е млада жена која се навикнала на луксузниот живот во Њујорк.
Но, мора да се врти дома, во Алабама, за да се разведе од сопругот седум години откако се разделиле.
Just Go with It
Пластичен хирург сака да скрие лага од својата двојка додека се на патување на Хаваи.
Па, ја замолува неговата асистентка да се преправа дека му е бивша сопруга, но со ова дополнително си ја комплицира ситуацијата.
Your Place or Mine
Главните ликови се Деби и Питер, најдобри пријатели кои се целосна спротивност.
Но, кога одлучуваат да си ги заминат домовите, па и животите на една недела, сфаќаат дека можеби им е потребно нешто сосема друго, а не она што го посакуваат.
He’s Just Not That into You
Дејството на филмот се фокусира на група пријатели кои пробуваат да се справат со нивните љубовни животи.
Секој од нив се соочува со разни проблеми, а во меѓувреме носи погрешни заклучоци за однесувањето на партнерот.
People We Meet on Vacation
Попи е девојка која сака да го истражува светот, додека Алекс преферира да седи дома, во свое друштво, но некако функционираат како најдобри пријатели.
Иако живеат многу далеку еден од друг, секоја година, тие минуваат една недела заедно.
