10 романтични филмови на Нетфликс, совршени за Денот на вљубените
Only You
Фејт е млада жена која верува дека нејзината судбина е да се омажи со маж со име Дејмон Бредли, па тргнува да го бара.
Кога го наоѓа, се вљубува во него, несвесна дека тој ја лаже за неговото име.
Pride and Prejudice
Снимен според истоимената книга на Џејн Остин, главниот лик во филмот е млада девојка која запознава маж за кој смета дека никогаш не би го сакала.
Но, како што нивните животи се испреплетуваат, почнува да си ги менува чувства за него.
Isn’t it Romantic
Главниот лик е Натали, млада архитектка која е нападната во обид за грабеж, поради што губи свест.
Откако ќе се разбуди, сфаќа дека е заробена во романтична комедија.
P.S. I Love You
Млада вдовица открива 10 пораки од нејзиниот покоен сопруг.
Додека ги чита, се чувствува како да е покрај неа и ѝ се враќа надежта за да се справи со животните предизвици.
My Oxford Year
Млада студентка од САД оди во Англија за да си ги исполни своите соништа.
Но, овде сретнува шармантен дечко кој целосно ѝ го менува животот.
Спирова С. | Црнобело
