10 документарци на Нетфликс што вистински ќе ве трогнат

The Volcano: Rescue from Whakaari

Во 2019 година, поради ерупција на вулкан, 47 туристи и туристички водичи биле заробени на изолиран остров, додека 22 загинале.

Во документарецот, преку сведоштва на преживеаните и снимки, се раскажани детали за трагедијата.

Grenfell: Uncovered

Документарецот Grenfell: Uncovered се фокусира на страшниот пожар во облакодер во Лондон во кој загинаа 72 лица.

Преживеаните, семејствата на загинатите, но и пожарникари ги споделуваат своите сведоштва и зборуваат за тоа дали пожарот можел да биде спречен.

Avicii – I’m Tim

Авичи ќе остане запомнет како еден од најдобрите диџеи, но и како личност со мошне трагична приказна.

Емотивниот документарец се фокусира на животот на Авичи, уште од периодот пред да стане славен, а има интервјуа и со низа познати личности како Крис Мартин и Дејвид Гета.

The Deepest Breath

„Ѕвезди“ во документарецот се нуркач и експерт за безбедност.

Заедно се подготвуваат да го срушат светскиот рекорд за слободно нуркање, односно нуркање без никаква опрема.

И, подготвени се да ризикуваат сè за овој подвиг.

Found

Found ја раскажува приказната на три тинејџерки од Америка кои се посвоени од Кина.

Откако дознаваат дека се братучетки, одлучуваат да ја посетат Кина за да откријат нешто повеќе за нивното минато.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 популарни понови серии на HBO (кои се достапни и на стриминг платформата) Euphoria чија нова сезона ги подели мислењата или The Pitt, медицинската драма к...
10 нови Нетфликс документарци кои ќе ве држат „залепени“ за екранот Документарците на Чарли Шин и Викторија Бекам, но и морничавите сведоштва на дев...
10 серии кои се вистинско уживање во есен (дури и по 10-тото гледање) Charmed ако сакате нешто ретро, The Fall ако сте расположени за трилер или Wedne...
10 филмови што секоја интелигентна личност треба да ги изгледа The Machinist со Кристијан Бејл, Bridge of Spies со Том Хенкс или, пак, рускиот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg