10 нови Нетфликс документарци кои ќе ве држат „залепени“ за екранот
Документарците на Чарли Шин и Викторија Бекам, но и морничавите сведоштва на девојка чиј татко бил сериски убиец.

Документарците се една од најпопуларните содржини на Нетфликс, а стриминг платформата редовно објавува нови – некои долгометражни, а некои во форма на серија.
10 нови Нетфликс документарци меѓу кои сигурно ќе најдете нешто што ве интересира:
Love Con Revenge
Love Con Revenge е серија која се фокусира на неколку жртви на онлајн измами.
Со помош на приватен детектив и жена која била жртва на популарниот измамник од Тиндер (од документарецот The Tinder Swinlder), тие пробуваат да си ги вратат своите животи.
aka Charlie Sheen
Како што кажува името, ѕвездата во документарецот е Чарли Шин кој ги споделува најинтимните детали од неговиот живот.
Од почетоците на неговата кариера, преку турбулентниот период, па сè до справувањето со зависностите, Чарли навистина си ја отвора душата во документарецот.
Beauty and the Bester
Мини-серијата Beauty and the Bester се фокусира на убиец и силувач од Јужна Африка кој во 2022-ра си ја лажирал смртта и успеал да избега од затвор.
Документарецот ја истражува и неговата врска со позната докторка која наводно била вклучена во бегството.
True Haunting
Ако сакате приказни со духови, можеби ќе ви се допадне документарната серија True Haunting.
Во мини-серијата се опфатени две приказни на луѓе кои ги споделуваат своите вистински средби со духови и натприродното.
Katrina: Come Hell and High Water
Ураганот Катарина е еден од најсмртоносните со кои се соочила Америка.
20 години по трагедијата, преживеаните се присетуваат на катастрофата и влијанието што го имала врз нивните животи.
