10 нови Нетфликс документарци кои ќе ве држат „залепени“ за екранот
Victoria Beckham
Уште еден документарец за славна личност, овој пат Викторија Бекам.
Во својот нов документарец, модната дизајнерка зборува за својот живот додека се подготвува за Модната недела во Париз.
Како Чарли Шин, и таа открива интимни детали, како личните битки за кои јавноста не ни била свесна.
My Father, the BTK Killer
Додека повеќето крими документарци се фокусираат само на злосторникот, во My Father, the BTK Killer го слушаме сведочењето на ќерка на сериски убиец.
Нејзиниот татко, Денис Радер, водел двоен живот – од една страна, се преправал дека е совршен татко и сопруг, но од друга, бил немилосрден убиец.
The Perfect Neighbor
Еден од поморничавите документарци на листата дефинитивно е The Perfect Neighbor.
Целиот документарец е склопен од камерите што ги носат американските полицајци и се фокусира на караница меѓу соседи која по неколку месеци ескалира со убиство.
Turn of the Tide: The Surreal Story of Rabo de Pixe
Во 2001 година, на брегот на португалско село се појавиле стотици килограми кокаин.
Документарецот ги истражува последиците што ги претрпела заедницата, како зависност и проблемите што доаѓаат со неа.
Mob War: Philadelphia vs. The Mafia
Во 1990-тите, американскиот град Филаделфија се соочил со масакр.
Двајца гангстери се бореле за контрола над криминалното подземје во градот и ривалството ескалирало со низа насилни инциденти.
Документарецот го истражува овој настан, а дава увид и во историјат на мафијата во Филаделфија и нејзиното влијание врз градот.
Спирова С. | Црнобело
