Потресна исповед на ќерка на сериски убиец: „Не сакав да верувам дека татко ми е способен да измачува и убива“
Кери Росон од САД е ќерка на озлогласениот сериски убиец Денис Радер кој има убиено најмалку 10 лица, вклучувајќи и деца. Кога Кери дознала за мрачната страна на татко ѝ, вели дека не сакала да верува. Доживеала вистинска криза на идентитет и мислела дека целиот нејзин живот е лага.

Иако можеби повеќето сериски убијци се самотници, некои имаат партнери, па дури и деца.
И, можете само да замислите низ што сè минуваат нивните семејства кога ќе го откријат вистинското лице на личноста на којашто ѝ верувале и што ја сакале.
Кери Росон од САД е ќерка на сериски убиец кој отслужува десет доживотни казни затвор.
Нејзиниот татко е Денис Радер, убиец кој со децении им влевал страв на жителите на градот Вичита во Канзас.
Денис Радер, кој денес има 80 години, првото убиство го извршил во 1974 година, а последното во 1991-ва.
Во судница призна дека убил десет лица, вклучувајќи и две деца на возраст од 9 и 11 години.
Доколку самиот не се вплеткал во истрагата, Денис можеби и никогаш не би бил фатен, а неговата ќерка не би знаела кој всушност е нејзиниот татко.
Имено, Даниел ѝ праќал тајни писма на полицијата за неговите убиства во кои кажувал и како ги измачувал жртвите.
Кога престанал со убиствата, престанал и да ги испраќа писмата, но во 2004-та, 13 години по неговото последно убиство, американски весник напишал колумна за него.
Во колумната било наведено дека јавноста, но и полицијата веројатно заборавиле на убиецот.
Ова го разгневило, па тој повторно ја контактирал полицијата.
Најпрво им напишал писмо во кое ги прашал дали ако им испрати дискета, тие ќе можат да лоцираат од каде потекнува.
Полицијата го излажала дека не можат, па Денис им испратил. Денис не бил експерт за технологија и не знаел дека на документот на дискетата стоело неговото име.
Полицијата успеала да го најде и софтверот што го користел, па успеале да го лоцираат.
Кога собрале доволно докази, вклучувајќи и резултати од ДНК анализа, го уапсиле.
Кери, ќерката на убиецот, била во 20-тите години од животот кога дознала за злоделата на татко ѝ.
Низ годините, неколкупати има зборувано за нејзината тешка положба во целата ситуација, а има издадено и неколку книги.
