Потресна исповед на ќерка на сериски убиец: „Не сакав да верувам дека татко ми е способен да измачува и убива“
Денис почнал со убиствата пред ќерка му да биде родена, но убивал додека Кери да наполни 12 години.
Кога полицијата дошла во нивниот дом да го уапси, Кери вели дека речиси изгубила свест.
„Си помислив дека татко ми е добра личност. Има извидничка група, претседател е на црквата.
Сигурно го фатиле погрешниот човек бидејќи не сакав да верувам дека е вистина. Таткото што јас го знаев не беше способен за нешто такво“.
Но, Денис многу добро знаел дека фактот што има сопруга, две деца, работно место и почит во заедницата го штити. Односно, никој не би се посомневал во таква личност.
Кога вистината излегла на виделина, Кери вели дека почувствувала како целиот нејзин живот да е лага.
Кери го има опишано и мигот кога ѝ кажале за убиствата:
„Се потпрев на ѕидот и почнав да се тресам. Целата соба се претвори во црвена. Почна да ми се затемнува видот. Како да паѓам во црна дупка од која нема на можам да излезам“.
На прашањето дали мислела дека Денис добивал помош од мајка ѝ, Кери вели:
„Не, не помислив дека мајка ми е вклучена во нешто лошо. Но, бев многу загрижена за неа. Кога го уапсија, не можев да зборувам со неа шест, седум часа. Тогаш само сакав да ѝ се јавам и да ѝ кажам дека сум добра“.
Кога Денис признал вина, на сопругата ѝ било овозможен развод по брза постапка, а ќерка ѝ Кери вели дека никогаш не ја видела мајка си поскршена.
Но, и таа самата не знаела како да се справи со целата ситуација.
„Ми требаа десет години пред да можам да разговарам со некој за ова. Никој не сака да верува дека неговиот татко е способен за вакви монструозни работи“.
Кери вели дека уште се чуди на фактот што додека била дете, Денис бил најнормален татко. Некогаш бил избувлив, но никогаш до степен што ќе ја натера да мисли дека е убиец.
И покрај огромната траума, Кери решила да почне да ѝ помага на полицијата да решава застарени случаи.
Полицијата го поврзувала татко ѝ со уште неколку убиства, па кога биле наоѓани нови докази, Кери волонтирала да помага во истрагата.
За едниот од застарените случаи, Кери отишла и да го посети татко ѝ во затвор во 2023 година.
Неговото здравје било влошено и бил во количка, но сепак ја прегрнал кога ја здогледал.
Но, кога почнала да го притиска за нерешените убиства, со надеж дека ќе ѝ каже нешто, тој одбивал да соработува.
„Уште го држи паметот. Измислуваше алибија, знаеше дека сум таму за да добијам одговори. За мене, целото искуство беше надреално“.
Кери продолжува да волонтира за нерешени случаи, а редовно посетува и психијатар.
Иако доживеала вистинска криза на идентитет кога дознала за злосторствата на татко ѝ, пробува да си го живее животот најдобро што може.
Спирова С. | Црнобело
