10 (понови) филмови идеали за празничен маратон со семејството

Wonka

Wonka е филм за легендарниот Вили Вонка од познатата книга „Чарли и фабриката за чоколадо“.

Дејството ги следи неговите почетоци, кога како сиромашно момче пристигнува во Европа сонувајќи да стане познат производител на чоколадо и слатки.

Но, се соочува со голем предизвик кога група локални бизнисмени пробуваат да го уништат.

Филмот има и одлична актерска екипа – Тимоти Шаламе, Хју Грант, Роуан Аткинсон, Оливија Колман…

If

Уште еден филм со Рајан Рејнолдс во главната улога.

Главниот лик е Беа, млада девојка која добива моќ да ги гледа измислените пријатели на другите луѓе.

Проблемот е што овие суштества се напуштени бидејќи луѓето веќе не се деца и не можат да ги видат.

Па, со помош на необичен маж по име Кал, тргнува на мисија да ги спои со други луѓе.

Turning Red

Листата со семејни филмови не би била комплетна без барем еден анимиран филм, а дури и да не го сакате овој жанр, сигурно ќе уживате во Turning Red.

Главниот лик е 13-годишно девојче кое се чувствува растргнато помеѓу желбата да се покаже како послушна ќерка и промените што ги носи адолесценцијата.

Како овие предизвици да не се доволно, одеднаш девојчето почнува да се претвора во голема црвена панда мечка кога е под многу стрес.

Cruella

Уште еден филм кој се фокусира на потеклото на познат негативец, овој пат злобната Круела де Вил.

Како млада девојка Круела сака да се пробие во модната индустрија.

Кога запознава модна легенда и се спријателува со неа, Круела ѝ дозволува на нејзината мрачна страна да се истакне и се претвора во ликот што ни е познат на сите.

Freakier Friday

Доколку сакате доза носталгија, тогаш изгледајте го долгоочекуваното продолжение на Freaky Friday каде единствените Линдзи Лохан и Џејми Ли Кертис ги репризираат нивните улоги.

Две децении по настаните во првиот филм, мајката и ќерката се соочуваат со нови предизвици.

Сега откриваат дека нивната „клетва“ можеби се повторува и со помладите генерации од семејството.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 филмови што секоја интелигентна личност треба да ги изгледа The Machinist со Кристијан Бејл, Bridge of Spies со Том Хенкс или, пак, рускиот ...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 култни празнични филмови (кои вреди да ги изгледате 100-ти пат) Нормално, прв на листата е Home Alone, но овде се и Elf, A Christmas Story, па и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg