Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)?

Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа одлучила да нема никаков удел во продукцијата. Некои, пак, сметаат дека е испуштен многу важен детаљ – бројните обвиненија за сексуално малтретирање деца против пејачот.

zoshto-noviot-film-za-majkl-dzhekson-e-ostro-kritikuvan-iako-rushi-rekordi-01.jpg

Неодамна излезе новиот филм за „кралот на попот“ – Мајкл Џексон.

Но, уште пред премиерата, филмот Michael се сметаше за контроверзен во голема мера бидејќи ќерката на пејачот, Парис Џексон, беше против снимањето.

zoshto-noviot-film-za-majkl-dzhekson-e-ostro-kritikuvan-iako-rushi-rekordi-6.JPG

Оние, пак, кои го изгледале, сметаат дека филмот не само што не го прикажува пејачот реално, туку испушта и важен детаљ од неговиот живот – морничавите обвиненија против него.

Од друга страна, некои имаат само добри зборови за филмот, особено за актерот кој го глуми пејачот и кој воедно му е внук.

zoshto-noviot-film-za-majkl-dzhekson-e-ostro-kritikuvan-iako-rushi-rekordi-05.JPG

Како Michael стана еден од најзборуваните и најкритикуваните филмови за 2026-та?

Филмот не ги спомнува тужбите на пејачот

Без разлика дали верувате дека е невин или не, факт е дека Мајкл Џексон многупати беше обвинуван за сексуално малтретирање деца.

Пејачот стоеше на ставот дека обвиненијата се лажни, а и во судница беше прогласен за невин.

Сепак, некои сметаат дека ова е важен дел од неговиот живот бидејќи имаше огромно влијание врз неговата репутација.

И поради ова, голем пропуст е што не се ни спомнува во филмот.

zoshto-noviot-film-za-majkl-dzhekson-e-ostro-kritikuvan-iako-rushi-rekordi-11.JPG

Првичната верзија на сценариото била поразлична

Во 2024 година, познатиот американски новинар Метју Белони откри дека имал можност да го види сценариото за филмот уште пред да почне снимањето.

Тој тврдеше дека во оригиналното сценарио се спомнуваат обвиненијата, но дека наводните жртви се прикажани во многу лошо светло.

Според него, филмот требало да почне со сцена од 1993 година, кога на ранчот на Мајкл пристигнува полиција како дел од истрагата за обвиненијата за вознемирување од страна на 13-годишниот Џордан Чендлер.

„Сценариото навистина се труди да ги минимизира и банализира вистинските тврдења на семејството Чендлер“, пишува новинарот.

zoshto-noviot-film-za-majkl-dzhekson-e-ostro-kritikuvan-iako-rushi-rekordi-02.JPG

Тој додава и дека во оригиналното сценарио Мајкл бил претставен како жртва – нешто за коешто мислењето на јавноста до денес е поделено.

zoshto-noviot-film-za-majkl-dzhekson-e-ostro-kritikuvan-iako-rushi-rekordi-03.JPG

Биле потрошени 15 милиони долари за преснимување сцени

Според Variety, последната третина од филмот сепак била посветена на обвиненијата против пејачот. Но, овој дел бил целосно отстранет.

Наводно, причината била тоа што во спогодбата помеѓу Мајкл Џексон и Џордан Чендлер имало точка со која Џордан забранувал неговиот лик да биде прикажан во филм.

zoshto-noviot-film-za-majkl-dzhekson-e-ostro-kritikuvan-iako-rushi-rekordi-13.JPG

Поради ова, цела третина од филмот морала да се пресними и Variety сподели дека дејството на филмот ќе заврши во периодот кога Мајкл е на врвот на кариерата.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Забавни и непријатни моменти од Оскари 2026 + најсмешните твитови за настанот Леонардо ди Каприо беше прогласен за „крал на мемињата“. Тимоти Шаламе беше мета...
Штркот Силјан вечерва ќе слета на Менхетн – премиера на филмот на Тамара Котевска Вечерва во легендарниот IFC Center во Њујорк ќе се одржи американската премиера ...
10 (морничави) филмови за мистериозни тајни друштва и култови Некои веруваат дека последниот филм на Стенли Кјубрик, Eyes Wide Shut, е снимен ...
Бев на снимањето на новиот филм на Милчо Манчевски - Како си поминав зад сцената? „Дојди да видиш каде снимаме, како изгледа сетот во живо. Па ќе одиме после во р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg