10 филмови со нелинеарно дејство кои ќе ве заинтригираат

Magnolia кој ќе ве натера да размислувате за вашиот живот или, пак, Mancehster by The Sea кој со нелинеарното раскажување одлично доловува колку е тешко да се избега од траумата од минатото.

10-filmovi-so-nelinearno-dejstvo-koi-kje-ve-zaintrigiraat-01.jpg

Филмовите со нелинеарно дејство можеби некогаш се потешки за следење, но токму ова ги прави и позабавни.

Ве тераат да го активирате мозокот и сами да ги поврзите точките за целосно да ја разберете приказната.

Ако сте расположени за нешто вакво, дајте му шанса на некој од нашите предлози:

21 Grams

Дејството на филмот се фокусира на последиците од трагична сообраќајка несреќа.

Главните ликови се математичар со сериозна болест, мајка која го изгубила детето и поранешен затвореник. Минатото, сегашноста и иднината на ликовите се прикажани нелинеарно.

Филмот има одлична актерска екипа што ја сочинуваат Шон Пен, Наоми Вотс и Бенисио дел Торо.

Manchester by the Sea

Manchester by the Sea е депресивна драма која преку нелинеарното раскажување прикажува колку е тешко да се побегне од траумата од минатото.

Главниот лик е маж кој по смртта на брат му станува старател на неговото дете.

Па, мора да се врати во родниот град и да се соочи со своето минато.

Slumdog Millionaire

Оскаровецот од 2008 година на мошне уникатен начин ги спојува минатото и сегашноста.

Главниот лик е тинејџер од Мумбај кој се пријавува и победува на квизот „Кој сака да биде милионер?“.

Бидејќи организаторите се сомневаат дека мамел, тој се навраќа на неговото минато за да им покаже од каде го знаел одговорот на секое од прашањата.

The prestige

The Prestige е во режија на Кристофер Нолан, но и со одлична актерска екипа – Кристијан Бејл, Хју Џекмен, Мајкл Кејн, Скарлет Јохансон…

Главните ликови се двајца магионичари кои по трагедија стануваат најголеми непријатели.

Целосно посветени на нивното ривалство, двајцата жртвуваат многу и иако стекнуваат слава, мораат да најдат начин да се справат со последиците.

Magnolia

Иако трае дури три часа, Magnolia е филм што нема да ви биде здодевен ниту една секунда.

Филмот се фокусира на неколку различни ликови и нивните (трагични) приказни кои се испреплетени на чуден начин.

Покрај Том Круз, во главните улоги се појавуваат и Џулиен Мур и Филип Сејмур Хофман.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...

Најчитани неделава