10 филмови со нелинеарно дејство кои ќе ве заинтригираат

500 Days of Summer

Со Џозеф Гордон Левит и Зои Дешанел во главните улоги, 500 Days of Summer раскажува љубовна приказна на необичен начин.

Главниот лик е Том кој се присетува на неговата врска со Самер – девојка со која мислел дека ќе го помине целиот живот.

Самер, од друга страна, не верува во врски и дечковци.

Eternal Sunshine of the Spotless Mind

Една од најдобрите сериозни улоги на Џим Кери ќе ви приреди ролеркостер од емоции.

Неговиот лик дознава дека откако раскинале, поранешната девојка направила процедура за да го избрише од своите сеќавања.

Одлучува и тој да го направи истото, но сфаќа дека не е така едноставно.

Gone Girl

Снимен според истоимената книга од Џилијан Флин, Gone Girl е трилер кој ќе ве држи напнати до самиот крај.

Главниот лик е Ејми, жена која мистериозно исчезнува на петтата годишнина од нејзиниот брак.

Главниот осомничен станува нејзин сопруг кој пробува да ја докаже својата невиност додека трага по неа.

Synecdoche, New York

Со Филип Сејмур Хофман во главната улога, дејството на Syndecoche, New York се фокусирана осамен театарски режисер.

Додека се соочува со проблеми во секој аспект од животот, одлучува да ја режира „најдобрата претстава на сите времиња“.

За таа цел, убедува неколку актери да живеат во лажна верзија на Њујорк.

Memento

Кога се во прашање филмови со нелинеарен наратив, не може а да не се спомне Memento во режија на Кристофер Нолан.

Главниот лик во филмот е маж кој поради амнезија, не може да создава нови сеќавања.

Но, ова не го спречува во намерата да го пронајде убиецот на неговата сопруга.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...

Најчитани неделава