Чекање по 10 часа во редици со штикли, нема ни храна ни вода: Како навистина изгледа Канскиот филмски фестивал?
„Кога првпат бев на Кански филмски фестивал очекував пуканки и сок, но нема ништо. Треба да јадете пред да одите на фестивалот.
На фестивалот нема храна бидејќи прави многу неред и ќе треба да се потроши многу време во чистење“, открива актерката.
Откако ќе заврши проекцијата на филм, посетителите одат на забава каде што повторно се соочуваат со обезбедување.
„Тешко е да се излезе од проекцијата и да се стигне до забавата, хаотично е и лудо. Но, вреди бидејќи овие настани се спектакуларни“.
Додека трае фестивалот, Кан е преполн со луѓе бидејќи секоја година доаѓаат околу 40.000 посетители.
Покрај гостите на фестивалот, има и безброј папараци кои постојано се сместени пред хотелите каде што престојуваат ѕвездите.
Обезбедувањето е зајакнато и во самите хотели.
„Мора да покажете лична карта за да влезете во хотелите, мора да докажете дека престојувате таму. Не може само да влезете и да испиете пијачка во барот.
Ова е проблематично кога некој има закажано шминка и фризура во својата соба – на тимот треба да му даде QR кодови за да можат да влезат во хотелот“.
Кан е крајбрежен град, што значи дека има и многу галеби и албатроси. Актерката открива дека за да ги држат настрана од хотелите, користат соколи.
„Најлудата работа што сум ја видела во животот е тоа што хотелот имаше свој сокол кој ја контролираше областа и ги држеше настрана галебите и албатросите, како да е обезбедување“.
Актерката додава дека изминативе неколку години има и наезда на инфлуенсери кои воопшто не присуствуваат на фестивалот, туку одат за да снимаат содржини отстрана.
„Има многу инфлуенсери кои се снимаат во хотелите или со црвениот тепих зад нив. Некогаш им е тешко да најдат добро место за позирање, па мораат да бидат брзи.
Чудно е кога толку многу луѓе се снимаат самите себеси, а никој не знае кои се или што снимаат“.
За најбогатите и најголемите ѕвезди, фестивалот е малку порелаксиран.
Тие пристигнуваат во Кан со хеликоптери, а потоа најмуваат приватни возачи за да стигнат до фестивалот.
„Тоа е најголемиот знак за престиж, дека некој пристигал со хеликоптер, а не со автомобил или воз до фестивалот.
Годинава јас имав среќа да одам со хеликоптер. Беше страшно, но стигнав многу брзо“.
За крај, актерката вели дека уште поголем знак за престиж е престојот на јахта, а не во хотел.
„Јахтите се луди, има толку многу големи, неверојатни јахти и сите сакаат да одат на нив за забавите.
Луѓето минуваат по цел ден и цела ноќ на јахтите за да се запознаваат со други или за да допрат до бесплатен пијалак“.
Канскиот филмски фестивал се одржува секој мај, а годинава почна на 12-ти и ќе трае до 23-ти мај.
Спирова С. | Црнобело