Чекање по 10 часа во редици со штикли, нема ни храна ни вода: Како навистина изгледа Канскиот филмски фестивал?
Зад целиот гламур што го гледаме на фотките и видеата од Канскиот филмски фестивал се крие малку поразлична реалност, барем за „обичните“ посетители. Тие чекаат и по десет часови во редица за да влезат на фестивалот, а кога одат на проекции, не смеат да носат ни храна ни вода. Обезбедувањето, пак, е на завидно ниво – сите полицајци се вооружени, а некои се со коњи и мотори.

Во тек е 79-тото издание на Канскиот филмски фестивал кој важи за еден од најпрестижните настани во забавна индустрија.
Секоја година фестивалот го посетуваат најпознатите и најдобрите актери и режисери, па францускиот град се претвора во едно од најгламурозните места на светот.
Но, она што ние го гледаме на фотографии и видеа не ја прикажува целосната слика за фестивалот.
Актерката Бланка Бланко за Daily Mail открива како навистина изгледа атмосферата на фестивалот, а истакнува дека нешто што најмногу се забележува е обезбедувањето.
Сите од обезбедувањето се вооружени, а има и полицајци со коњи и мотори. И, самото влегување може да биде цел подвиг.
Сите гости на фестивалот мора да пристигнат со автомобил, никако пеш. Дури и ако се сместени во хотел преку улица, пред да стапнат на црвениот тепих, мораат да излезат од автомобил.
Кога ќе излезат од автомобилот, обезбедувањето ги проверува документите за идентификација.
„На секој чекор има мажи со пушки, навистина се забележува присуството на полицијата“, вели актерката.
Бидејќи фестивалот го посетуваат стотици луѓе, редицата за влез е многу долга и чекањето може да трае со часови – некогаш и по десет часа.
„Има многу долги редици каде жени со огромни штикли и елегантни аутфити чекаат со часови да влезат на одредени настани, а притоа е многу жешко и гласно“.
Иако чекањето за влез е долго, актерката вели дека самото минување на црвениот тепих поминува многу брзо и сите имаат помалку од една минута да позираат, дури и најголемите ѕвезди.
„Не можете да застанете на црвениот тепих и да си разговарате. Треба да позирате и да продолжите понатаму.
Има најмено луѓе чија цел е да не дозволат задржување на црвените тепих. И, ако сакате да направите селфи со пријател: Нема шанса, но тоа е добро“.
Кога конечно ќе стигнат до киносала, посетителите не смеат да јадат ниту да пијат ништо.