Џон Траволта стана хит меме со беретката на Кански филмски фестивал: „Изгледа како бел Семјуел Л. Џексон“
- Детали
- вторник, 19 мај 2026
На Канскиот филмски фестивал, Џон Траволта се појави со беретка која привлече повеќе внимание од неговиот премногу младешки изглед. Некои се шегуваат дека личел на бел Семјуел Л. Џексон, а некои, пак, прашуваат дали бил сингл (бидејќи изгледал многу добро).

На овогодишното издание на Канскиот филмски фестивал, Џон Траволта го имаше своето режисерско деби.
Минатиот викенд на фестивалот премиерно беше прикажан неговиот филм Propeller One-Way Night Coach, а со стајлингот актерот покажа дека е целосно влезен во улогата на режисер.
На свои 72 години, актерот изгледаше барем една деценија помладо, а највпечатлив детаљ од неговиот аутфит беше белата беретка.
Актерот се појави со неговата ќерка, Ела, која глуми во филмот, а на негово огромно изненадување, истата вечер беше награден и со почесна Златна палма – наградата што се доделува на фестивалот.
Скромен како и секогаш, актерот искрено се заблагодари за статуетката:
„Ми рековте дека ова ќе биде посебна ноќ, но не знаев дека ќе се случи и ова.
Ова е момент на скромност. Ова е поголемо од Оскар“, му рече актерот на директорот на фестивалот.
Покрај честитките за филмот и почесната награда, актерот доби комплименти за изгледот, но, секако, имаше и по некоја шега за беретката која не е воопшто својствена за него.
Бидејќи фотките и реакциите почнаа да се споделуваат вирално, актерот реши да се огласи за неговиот стајлинг во интервју за CNN:
„Над 50 години правам филмови, но кога се враќам наназад, не можам да ја најдам разликата меѓу настаните.
Си реков ’Овој пат јас сум режисер. Јас сум актер кој сега ќе ја преземе улогата на режисер, треба да изгледам како ретро режисер‘.
Па, гледав фотографии од ’20-тите, ’30-ите, ’40-тите, ’50-тите, ’60-тите и сите ретро режисери носат беретки и очила. Си помислив ’Тоа ќе го направам и јас‘“.
Твитер веќе е преплавен со шеговити објави за стајлингот на Џон Траволта.
Некои пак велат дека се уверени дека тоа воопшто не е Џон Траволта и дека сигурно и него го замениле со двојник (по Џим Кери и Анџелина Џоли).