Новиот изглед на Анџелина Џоли поттикна бизарна теорија на заговор: „Ова е двојник, ја замениле и неа“
- Детали
- среда, 01 април 2026
На настан во Шангај, Анџелина Џоли се појави со впечатлив црвен кармин и изгледаше малку поразлично од вообичаено. Но, додека некои коментираат дека само била уморна, други се сигурни дека ја замениле со клон. Пред само еден месец, и за Џим Кери се зборуваше истото.

Во неделата (29.03) Анџелина Џоли присуствуваше на настан во Шангај, Кина.
На настанот, организиран од Tom Ford, 50-годишната актерка носеше долг бел фустан како наметка, со сатенски колан.
За разлика од посуптилната шминка што ја преферира, овој пат актерката се појави со впечатлив црн кармин.
Таа позираше с креативниот директор на брендот – Хајдер Акерман – кој во неделата го славеше и неговиот 55-ти роденден.
Но, изгледот на Џоли предизвика лавина реакции, па дури и разгоре теории на заговор дека користи „двојник“ или „клон“.
За некои, и изјавата што ја даде за новинарите звучи чудно:
„Благодарна сум што сум овде. Посакувам да имав повеќе време и едвај чекам да се вратам“ - сподели актерката.
На социјалните мрежи, особено Твитер, некои коментираат дека актерката само изгледа уморно бидејќи, сепак, летала од САД до Шангај и нормално е да не изгледа свежо.
Но, други се убедени дека актерката изгледа поразлично поради корекции на лицето, а се шпекулира и дека можеби користела двојник.
„Ова не е Анџелина Џоли. Најверојатно некој двојник“.
„Што е тоа на нејзината глава? Лицето ѝ изгледа поразлично. Дали е поради возраста или, пак, направил многу корекции?“
„Сигурно има направено фејслифтинг и си го уништила изгледот“.
„Ова не е Анџелина Џоли. Погледнете ѝ ги очите и вилицата. Елитата во Холивуд ги заменува славните со двојници“.
„Уште еден двојник…“
Што се однесува до изјавата, некои ја толкуваат како признание дека е во лоша здравствена состојба.
„Посакувала да има повеќе време… Ова не звучи добро. Изгледа болно и се надевам дека е добра. Но, изјавата не звучи баш најдобро, нели?“
„Мене само ми изгледа како да не е добра. Како да има проблеми со исхраната или некој друг здравствен проблем“.