Си ја жртвуваше кариерата за неа, почина од рак: Која беше мајката на Анџелина Џоли, од која ја наследи убавината?
- Детали
- недела, 12 април 2026
Маршелин Бертранд имала само 20 години кога го запознала Џон Војт – таткото на Анџелина Џоли. Во раните 20-ти ја родила актерката и брат ѝ Џејмс, а откако се развела поради неверствата на Џон, жртвувала буквално сè за да се грижи за децата. Многупати немале пари, но Анџелина вели дека никогаш не им недостасувала љубов.

Анџелина Џоли важи за една од најубавите жени во светот, а убавината дефинитивно ја наследила од мајка си – Маршелин Бертран.
Маршелин ѝ била најдобрата пријателка и најголемата поддршка на актерката, сè до нејзината трагична смрт во 2007 година.
Анџелина честопати има зборувано за Маршелин, а вели дека токму таа ја научила како да биде добра мајка.
Маршелин целиот живот го посветила на Џоли и брат ѝ Џејмс.
„Кога мајка ми почина, сфатив дека личноста која толку многу му се посветува на семејството е најблагородна.
Нејзината смрт ме потсети на она што е најважно, но и што е најзабавно – да ги тргнете настрана вашите потреби за овие мали луѓе (децата) за коишто се грижите“, има изјавено актерката.
Што знаеме за мајка ѝ на Анџелина Џоли?
Сакала да стане актерка уште во тинејџерските години
Маршелин била родена во 1950 година, во Илиноис.
Нејзиниот татко бил ветеран од Втората светска војна, а имал и куглана. Поради ова, Маршелин стана експерт за куглање.
„Пред моите баба и дедо да се преселат во Лос Анџелес во 1960-тите, тие имаа куглана. Нивните родители, пак, претходно имале бар. На мајка ми ѝ немаше рамен за куглање“, има изјавено Анџелина.
Во тинејџерските години, на Маршелин ѝ се родила желба за глума, па почнала да посетува часови.
Во 1971-ва се венча со Џон Војт
Додека пробувала да ја изгради актерската кариера во Лос Анџелес, Маршелин го запознала Џон Војт.
Кратко пред нивната прва средба, тој ја доби својата прва номинација за Оскар.
Иако кога се запознале Маршелин имала 20, а Џон 32 години, сепак почнале врска. Кон крајот на 1971-ва, тие стапија во брак.
Заедно добија две деца
Околу една година по свадбата, Маршелин забременила но, за жал, го изгубила бебето.
Џон Војт има зборувано за овој болен период од нивниот брак:
„Јас и сопругата го изгубивме бебето. Ова беше голема, голема загуба, огромна траума за мојата сопруга. Многу беше вознемирена. Цел живот ќе жалам за ова“.
Следната година, Маршелин го роди синот Џејмс, а во 1975-та, ја роди Анџелина Џоли.
Маршелин била самохрана мајка
Околу една година по раѓањето на Анџелина, Маршелин и Џон Војт се разведоа.
Како што има откриено актерката, Маршелин била многу погодена од гласините дека Џон е неверен.
„Кога татко ми имаше афера, животот на мајка ми се промени. Нејзиното семејство се уништи. Но, таа сепак сакаше да биде мајка“.
По разводот, Маршелин целосно им се посветила на Џоли и брат ѝ.
Речиси и да не добивала помош од Џон Војт, па честопати имале финансиски проблеми. Сепак, и Џоли и брат ѝ имаат изјавено дека никогаш не им недостасувала љубов.