Си ја жртвуваше кариерата за неа, почина од рак: Која беше мајката на Анџелина Џоли, од која ја наследи убавината?
„Кога се враќавме од училиште, навистина се чувствувавме како да сме дома. Со Енџи ќе влезевме во куќата и коментиравме за тоа колку убаво мириса бидејќи во кујна се готви нешто…
Мајка ни сакаше совршено да ги пишуваме домашните задачи. Кога бевме помали, учеше со нас.
Или, некогаш, додека готвеше, ќе земеше морков или што било, па ни кажуваше факти за овошјето или зеленчукот“, има изјавено брат ѝ на Анџелина.
Се откажала од актерската кариера за своите деца
Актерската кариера на Маршелин траела мошне кратко и завршила откако станала мајка.
Се има појавено во епизода од серијата Ironside, а потоа имаше и улоги во филмовите Looking to Get Out и The Man Who Loved Women.
Но, кренала раце од кариерата откако добила деца.
„Нејзиниот сон да стане актерка избледна кога на 26-годишна возраст се најде во улога на мајка… Откако почина, најдов видео од неа, како глуми во краток филм.
Беше добра. За неа беше возможно да биде успешна“, има изјавено актерката.
Џоли има споделено и дека Маршелин не била отсекогаш заинтересирана за глума.
„Пред да почине ми кажа дека соништата можат да се променат. Нејзиниот сон да стане артист всушност бил на мајка ѝ.
Подоцна, мајка ми се надеваше дека јас ќе станам актерка“.
Била голем хуманитарка
Анџелина Џоли е позната по нејзиниот активизам, а хуманоста очигледно ја научила од мајка си.
Маршелин навистина се трудела да им помогне на помалку среќните и има основано организации за домородното население во САД и за женското здравје.
Актерката самата има изјавено дека мајка ѝ ја инспирирала да почне со хуманитарна работа.
Почина од рак на дојка и јајници
На 49-годишна возраст, Маршелин била дијагностицирана со рак на јајник. Набрзо потоа добила и дијагноза за рак на дојка.
Речиси една деценија по првата дијагноза, Маршелин ѝ подлегнала на болеста – почина во 2007-ма, на 56-годишна возраст.
По смртта на мајка си, Анџелина направи тест според кој имала предиспозиции за рак на дојка.
Поради ова, актерката направи превентивна мастектомија во 2013 година.
„Сакам да им кажам на другите жени дека одлуката да направам двојна мастектомија не беше лесна. Но, ова е одлука што сум среќна што ја донесов.
Моите шанси да добијам рак на дојка се намалија од 87% на 5%. Можам да им кажам на моите деца дека не мора да се плашат дека ќе ме изгубат поради рак на дојка“.
Потоа, во 2015-та, актерката открила дека постои ризик да развие и рак на јајниците, па ги отстрани.
Зборувајќи за своите операции, актерката има изјавено дека посакувала мајка ѝ да ја имала оваа опција.
„Имав информации што посакував да ги знаеше и мајка ми. Посакувам да ја имаше истата опција. Посакувам да можеше да ја направи операцијата“.
Спирова С. | Црнобело