Бизарна теорија на заговор за чудниот изглед на Џим Кери во Париз: „Го замениле со клон, знаеше премногу“

„Изморен сум од тајните и лагите. Ова е тајниот симбол на Илуминатите, а ти си дел од нив“, му рече Џим Кери на Џими Кимел во неговото шоу, а набрзо потоа неговата девојка изврши самоубиство. За дел од јавноста, оваа трагедија е доказ дека Џим Кери сакал да открие тајни за елитата во Холивуд, па затоа го убиле и го замениле со клон.

bizarna-teorija-na-zagovor-za-chudniot-izgled-na-dzhim-keri-vo-pariz-go-zamenile-so-klon-znaeshe-premnogu01.jpg

Минатата недела се одржа доделувањето на César Awards во Париз.

На доделувањето на наградите, кои ги нарекуваат и „француски Оскари“, се појави Џим Кери кој доби почесна награда за неговиот придонес во филмската индустрија.

Кога ја прифаќаше наградата, актерот одржа емотивен говор во кој се присети на неговиот покоен татко.

„Сакам да му дадам признание на мојот татко. Татко ми беше личност која ако ја знаевте само пет минути, ќе се чувствувате како да сте го познавале 50 години…

Се заблагодарувам на најсмешниот човек што некогаш сум го познавал, мојот татко Перси Џозеф Кери, кој ме научи на вредноста на љубовта, дарежливоста и смеата.

Ако сакате среќата да ви се насмевне, треба прво вие да ѝ се насмевнете неа. Многу е тешко, но мораме да се обидеме“.

bizarna-teorija-na-zagovor-za-chudniot-izgled-na-dzhim-keri-vo-pariz-go-zamenile-so-klon-znaeshe-premnogu-03.JPG

Тој спомна и дека пред триста години, негов далечен предок потекнувал од Франција, но се преселил во Канада. Па, со оваа почест во Франција, актерот се чувствувал како да го „затворил кругот“.

„Можеби моето семејство го барало токму тоа“, додаде 64-годишноит актер.

bizarna-teorija-na-zagovor-za-chudniot-izgled-na-dzhim-keri-vo-pariz-go-zamenile-so-klon-znaeshe-premnogu-06.JPG

Но, наместо емотивниот говор, друг детаљ го привлече вниманието на јавноста – чудниот изглед на Џим Кери.

Актерот се појави на настанот со црн костум, косата му беше долга и пуштена, но неговото лице изгледаше малку чудно, дури непрепознатливо.

Џим Кери се повлече од јавниот живот и извесен период се немаше појавено во јавност, па некои велат дека само е малку остарен.

bizarna-teorija-na-zagovor-za-chudniot-izgled-na-dzhim-keri-vo-pariz-go-zamenile-so-klon-znaeshe-premnogu-12.JPG

Сепак, други сметаат дека направил лош третман за подмладување, но некои одат дотаму што се сигурни дека на настанот се појавил двојник на актерот, а не тој.

„Сигурно има направено многу процедури и операции на лицето. Изгледа многу поразлично“.

„Не сум личност која верува во теории на заговор, но тоа не е Џим Кери“.

„Мислам дека треба да му даде отказ на пластичниот хирург и да го побара докторот на Крис Џенер“.

bizarna-teorija-na-zagovor-za-chudniot-izgled-na-dzhim-keri-vo-pariz-go-zamenile-so-klon-znaeshe-premnogu-08.JPG

На социјалните мрежи некои објавуваат видеа во кои прават споредби од постари фотки и снимки од актерот како „доказ“ дека не е тој.

Има и многу полуди теории според кои актерот е убиен бидејќи многупати во јавност ја има исмејувано и критикувано елитата во Холивуд.

Некои веруваат дека „знаел премногу“ и се заканувал дека ќе ја открие вистината, па затоа го „елиминирале“.

bizarna-teorija-na-zagovor-za-chudniot-izgled-na-dzhim-keri-vo-pariz-go-zamenile-so-klon-znaeshe-premnogu-04.JPG

Дел од јавноста го спомнува и самоубиството на неговата девојка Катриона Вајт од 2015 година.

Пред нејзината трагична смрт, Џим Кери гостуваше во шоуто на Џими Кимел каде што го правеше „знакот на Илуминатите“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...

Најчитани неделава