Строгите правила што ѕвездите на Оскарите мора да ги следат (без разлика колку се богати и славни)

Можат да одат во тоалет само кога се прави пауза за реклами. Ако сепак излезат порано, тогаш нема да им дозволат да се вратат во салата сè до наредната пауза. Кои правила ги следат присутните на Оскари, без разлика колку се славни, богати и моќни?

strogite-pravila-shto-dzvezdite-na-oskarite-mora-da-gi-sledat-bez-razlika-kolku-se-bogati-i-slavni-01.jpg

Оскарите се кулминација на сезоната на награди, а го привлекуваат вниманието дури и на оние кои не се баш „филмаџии“.

Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес се собираат најголемите филмски ѕвезди, па не изненадува што Оскарите се можеби најпрестижниот настан не само во Холивуд, туку во целиот свет.

Но, само затоа што во публиката седат влијателни и славни луѓе, не значи дека можат да прават што сакаат. Напротив, за сите гости, без исклучок, важат правила кои можат да се наречат и строги.

Кои правила ги следат ѕвездите на Оскарите?

Ограничено одење во тоалет

Штом ќе започне церемонијата, гостите не треба да ги напуштат своите места и ако им се оди во тоалет, треба да ја почекаат паузата за реклами.

Ако некој сепак излезе, тогаш не му дозволуваат да се врати во салата сè до наредната пауза.

„Испланирајте си го одењето во тоалетот за да можете да се вратите во салата пред да продолжи настанот, или нема да ви биде дозволено да влезете внатре сè од следната пауза“, стои во соопштение од 2013 година.

strogite-pravila-shto-dzvezdite-na-oskarite-mora-da-gi-sledat-bez-razlika-kolku-se-bogati-i-slavni-02.JPG

Не смеат да носат храна и пијалаци однадвор

Гостите не смеат да носат храна и пијалаци однадвор, дури ниту вода.

На настанот се обезбедени храна и пијалаци и гостите треба да се задоволат само со тоа.

Сепак, во 2014-та, Елен Деџенерис го прекрши правилото кога беше водителка на настанот и им служеше пица на гостите помеѓу презентациите.

strogite-pravila-shto-dzvezdite-na-oskarite-mora-da-gi-sledat-bez-razlika-kolku-se-bogati-i-slavni-03.JPG

Ограничена должина на говорите

Добитниците на Оскар треба да обрнат внимание на должината на нивниот говор.

Генерално, се препорачува говорот да не биде подолг од 45 секунди. Ако го надминат ова време, оркестарот почнува да свири за суптилно да ги избрка од сцената.

Сепак, разбирливо е што некогаш актерите го прекршуваат ова правило поради возбудата.

На пример, во 2025-та, Едриен Броди држеше говор кој траеше над пет минути откако освои Оскар за најдобар актер во главна улога за филмот The Brutalist.

Тој дури и го замоли оркестарот да престане со свирење бидејќи бил при крај.

strogite-pravila-shto-dzvezdite-na-oskarite-mora-da-gi-sledat-bez-razlika-kolku-se-bogati-i-slavni-04.JPG

Посебни правила за луѓето кои само пополнуваат седишта

На Оскарите има и луѓе кои не се дел од филмската индустрија и нивната единствена задача е да ги пополнат празните места во салата.

Тие треба да седнат празните места кога филмските ѕвезди ќе станат од своето столче, со цел салата да не изгледа празно.

За нив, пак, важат посебни правила – никако не смеат да им зборуваат на ѕвездите и не смеат да носат телефон.

Притоа, не добиваат никаков надомест, а сами треба да се организираат за превоз.

strogite-pravila-shto-dzvezdite-na-oskarite-mora-da-gi-sledat-bez-razlika-kolku-se-bogati-i-slavni-05.JPG

Добитниците не смеат да ја продадат својата статуетка

На добитниците им е забрането да ја продадат својата статуетка, а иако е позлатена, Академијата одредува дека нејзината цена е само еден долар.

„Добитниците не смеат да ја продадат или да се ослободат од нивната статуетка, ниту да дозволат да биде продадена, без прво да ѝ ја понудат на Академијата за сума од еден долар“, пишува на веб-сајтот на Оскарите.

Погледнете и: Забавни и непријатни моменти од Оскари 2026 + најсмешните твитови за настанот

strogite-pravila-shto-dzvezdite-na-oskarite-mora-da-gi-sledat-bez-razlika-kolku-se-bogati-i-slavni-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гол маж на сцената, легендарната шлаканица: Најконтроверзните моменти на Оскарите низ историјата Во 1973-та, Марлон Брандо одби да си ја земе статуетката, следната година гол ма...
Актери кои освоиле Оскар секојпат кога биле номинирани Кристоф Волц има освоено две статуетки за споредна улога, и тоа во филмови на Кв...
Чекање по 10 часа во редици со штикли, нема ни храна ни вода: Како навистина изгледа Канскиот филмск... Зад целиот гламур што го гледаме на фотките и видеата од Канскиот филмски фестив...
Силјан на Котевска се закити со најпрестижните IDA награди во Лос Анџелес   Документарниот филм The Tale of Silyan на Тамара Котевска триумфираше ...
10 одлични комедии од изминатата деценија (ќе ве насмеат до солзи) Eurovision Song Contest инспириран од Евровизија, или, пак, Spy кој е одличен сп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg