10 одлични комедии од изминатата деценија (ќе ве насмеат до солзи)
Eurovision Song Contest инспириран од Евровизија, или, пак, Spy кој е одличен спој на акција и комедија.

Како што наближува врнежливото и мрачно време, веруваме дека ќе ви треба некоја комедија за да ви го подобри расположението.
10 од најдобрите комедии од изминативе десет години што сигурно ќе ве насмеат:
Spy
Со Мелиса Мекарти, Џејсон Стејтам и Џуд Ло во главните улоги, Spy е забавна шпионска комедија.
Главниот лик е жена која работи како аналитичар во ЦИА и која никогаш не била на терен.
Но, за да спречи глобална катастрофа, се инфилтрира во светот на опасен дилер на оружје.
The Nice Guys
Уште една комедија со многу акција, но и одлична актерка екипа која ги вклучува Рајан Гослинг и Расел Кроу.
Во 1970-тите во Лос Анџелес, двајца приватни детективи пробуваат да најдат исчезната девојка, но и да ја решат мистериозната смрт на порно актерка.
The Trip to Spain
Британскиот филм е адаптација на серијата The Trip, па има и два постари дела кои вреди да ги изгледате.
Главните актери Стив Куган и Роб Брајдон глумат фиктивни верзии од себе.
Тие одат на патување низ Шпанија каде уживаат во храната и сè што има да понуди убавата земја.
Blockers
Во продукција на Сет Роген, дејството на Blocekrs се фокусира на тројца родители и нивните ќерки тинејџерки.
Целта на родителите е да ги спречат девојките да ја изгубат својата невиност на матурската вечер.
Good Boys
Good Boys е забавна авантура која сигурно ќе ве врати во детството.
Главниот лик е 12-годишно момче кое сака да ја бакне неговата симпатија на забава.
Па, прави план со неговите пријатели и случајно се вплеткува во низа незгоди.
