10 одлични комедии од изминатата деценија (ќе ве насмеат до солзи)

Girls Trip

Со Квин Латифа, Џејда Пинкет Смит и Реџина Хол во главните улоги, Girls Trip е забавна приказна за пријателството.

Кога една жена добива покана да биде говорник на настан, се создава можност да се види со своите најдобри пријателки. Па, сите заедно одат на патување во Њу Орлеанс.

Game Night

Game Night е одличен спој на мистерија и комедија, а има и мошне добра актерска екипа со Џејсон Бејтман и Рејчел Мекадамс.

Главните ликови се група пријатели кои редовно играат друштвени игри.

Но, ненадејно се вплеткуваат во вистинска мистерија, кога братот на еден од нив е киднапиран од гангстери.

Popstar: Never Stop Never Stopping

Popstar е комедија за која се шпекулира дека е пародија на документарен филм на Џастин Бибер.

Откако снимаат хип-хоп албум, тројца пријатели стануваат ѕвезди.

Едниот од нив продолжува со соло кариера, но кога почнува да ја губи популарноста, одлучува да сними документарец за својот живот.

Barb and Star Go to Vista Del Mar

Со единствената Кристен Виг во главната улога, филмот е по малку апсурдна, но сепак забавна комедија.

Две пријателки, кои никогаш во животот не излегле од нивниот град, одлучуваат да тргнат на заедничко патување.

Eurovision Song Contest: The Story of Fire Saga

Вил Ферел бил толку фасциниран од Евровизија, што решил да напише цел филм за настанот.

Тој и Рејчел Мекадамс глумат пејачи од мал град во Исланд кои добиваат можност да ја претставуваат својата земја на Евровизија.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
10 филмови кои ќе ве натераат да излезете од вашата комфорна зона Captain Fantastic кој ќе ве натера да размислувате за модерниот начин на живот и...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 филмови од 2026 кои ги освоија симпатиите на публиката Project Hail Mary со Рајан Гослинг, Send Help со Рејчел Мекадамс, Wuthering Heig...
10 филмови од годинешниот Филмски фестивал во Венеција што треба да ги изгледате Мрачниот Frankenstein на Гиљермо дел Торо или, пак, The Smashing Machine кој се ...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...

Најчитани неделава