10 филмски премиери на Нетфликс што не треба да ги пропуштите оваа есен

Морничав документарец за убиство во Флорида, забавна драма со Џорџ Клуни, но и адаптација на добропознатата „Франкенштајн“ од Мери Шели – што ќе гледаме оваа есен?

10-filmski-premieri-na-netfliks-shto-ne-treba-da-gi-propushtite-ovaa-esen01.jpg

Ако немате време да се посветите на серија, Нетфликс има сè подобра и подобра понуда на филмови.

Само оваа есен ќе има десетици нови наслови, од кои голем дел се и во продукција на Нетфликс.

10 филмски премиери на Нетфликс што треба да ги изгледате оваа есен:

Steve

  • 3-ти октомври

Со Килијан Марфи во главната улога, дејството на филмот се фокусира на важен ден од животот на наставник и неговите ученици.

Додека се обидува да спроведе реформи во училиштето, тој води и лична битка со менталното здравје.

The Woman in Cabin 10

  • 10-ти октомври

Главниот лик е новинарка која сведочи на убиство на луксузна јахта.

Иако никој не ѝ верува и пробуваат да ја убедат дека она што го видела е лага, таа си го ризикува животот за да најде одговори на прашањата што ја мачат.

She Walks in Darkness

  • 17-ти октомври

She Walks in Darkness е снимен според вистинска операција, која претставува пресврт во борбата против тероризмот во Шпанија.

Главниот лик е млада агентка која во 1990-тите и 2000-тите е инфилтрирана во терористичка организација.

The Perfect Neighbour

  • 17-ти октомври

The Perfect Neighbor е морничав документарец за убиство во Флорида.

Кавга меѓу двајца соседи ескалира со убиство, а документарецот ја следи истрагата, преку снимки од камерите на полицајците.

A House of Dynamite

  • 24-ти октомври

Со одлична актерска екипа и во режија на Кетрин Бигелоу, A House of Dynamite е динамичен трилер.

Кога кон САД е лансиран проектил, надлежните почнуваат трка со времето за да откријат кој стои зад него, но и како да одговорат на нападот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
10 забавни (и мрачни) серии на Нетфликс и HBO што ќе ве натераат да размислувате The Outsider или Mare of Easttown ако сакате мрачна крими серија или The Good Pl...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg