10 филмски премиери на Нетфликс што не треба да ги пропуштите оваа есен

Ballad of a Small Player

  • 29-ти октомври

Ballad of a Small Player е психолошки трилер со Колин Фарел во главната улога.

Тој глуми коцкар и алкохоличар, чии долгови не престануваат да растат. Но, одеднаш мистериозна жена вработена во казино му нуди помош.

Frankenstein

  • 7-ми ноември

Во режија на Гиљермо дел Торо, Frankenstein е адаптација на добропознатата книга на Мери Шели.

Главниот лик е Виктор Франкенштајн генијален и ексцентричен научник кој креира свое живо суштество.

Но, набрзо сфаќа дека направил огромна грешка.

In your Dreams

  • 14-ти ноември

Анимирана авантура со брат и сестра кои одат на необично патување во земјата на нивните соништа.

Додека среќаваат секакви чудни суштества, тие се надеваат дека ќе имаат можност да им се исполни единствената желба – да имаат совршено семејство.

Train Dreams

  • 21-ви ноември

Снимен според истоимената новела, Train Dreams е драма со многу емоции.

Дејството се фокусира на дрвосечач и градител на шини и неговиот живот во Америка на почетокот од 20-тиот век.

Jay Kelly

  • 5-ти декември

Jay Kelly е комбинација на комедија и драма каде главниот лик е познат филмски актер.

Со својот менаџер, тој тргнува на патување да се открие себеси, но и да се соочи со своето минато.

Филмот има одлична актерска екипа која ги вклучува Џорџ Клуни, Адам Сендлер и Лора Дерн.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
10 филмови од Канскиот филмски фестивал што не треба да ги пропуштите годинава Шпанската драма The Beloved со Хавиер Бардем во главната улога, или новиот филм ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg