10 филмови кои траат (речиси) 3 часа, а вреди да ги изгледате
Troy, The Batman, Dances with Wolves – ова се филмови кои траат речиси три часа, но сепак вреди да одвоите толку време за нив.

Ако имате повеќе слободно време, а ви се гледа филм, тогаш вреди да му дадете шанса на некој подолг.
Бројни филмови траат и по три часа, но не сите можат да ви го задржав вниманието.
Сепак, следниве десет нема да ви бидат здодевни ни за миг:
Troy
Епската сага, со Бред Пит во главната улога, е инспирирана од Хомеровата „Илијада“, а дејството се фокусира на Тројанската војна.
Парис, принцот на Троја, ја убедува убава Хелена да го напушти нејзиниот сопруг и да се омажи за него.
Но, Хелена е во брак со кралот на Спарта кој се разгневува и ѝ објавува војна на Троја.
Dances with Wolves
Уште еден филм инспириран од војна, овој пат Граѓанската војна во САД, а главната улога му припаѓа на Кевин Костнер.
Главниот лик е поручник кој по сериозна повреда е распореден на стражарска позиција.
Овде се сретнува со индијанското племе Лакота и животот целосно му се менува.
Once Upon a Time… in Hollywood
Вестернот на Квентин Тарантино има одлична актерка екипа, а не ја губи популарноста ни седум години по премиерата.
Дејството е сместено во 1960-тите и се фокусира на актер кој веќе не е многу познат и неговиот каскадер.
Нивната цел е едноставна – повторно да си ги вратат славата и успехот.
Malcolm X
Malcolm X е биографска драма за контроверзниот, но мошне влијателен Афроамериканец Малком X.
Дејството ги следи најважните моменти од неговиот живот – неговото криминално минато, прифаќањето на исламот како религија, неговиот љубовен живот, а на крај и неговото убиство.
Главната улога му припаѓа на Дензел Вашингтон.
Ray
Уште еден биографски филм на листата, но сега за легендарниот пејач Реј Чарлс.
Откако ослепува на само седумгодишна возраст, мајка му го бодри Реј да не престанува да се бори.
Откако почнува да свири пијано, тој успева да изгради мошне импресивна музичка кариера.