10 филмови кои траат (речиси) 3 часа, а вреди да ги изгледате

The Wolf of Wall Street

И динамичниот The Wolf of Wall Street на Мартин Скорсезе е снимен според вистински настани.

Дејството го раскажува животот на Џордан Белфрот, брокер, но и паметен криминалец кој успева да заработи милиони преку неговите измами.

Филмот има одлична актерска екипа што ја сочинуваат Леонардо ди Каприо, Џона Хил и Марго Роби.

Watchmen

Снимен според стриповите на DC, Watchmen е забавна научнофантастична акција со суперхерои, во режија на Зек Снајдер.

Дејството е сместено во 1985 година, а главниот лик е суперхерој чиј колега е убиен.

Додека пробува да открие што точно се случило, се вплеткува во заговор кој може да го промени текот на историјата.

Babylon

Babylon можеби не беше многу популарен филм, но тоа не значи дека треба да го пропуштите.

Главните ликови се холивудски ѕвезди во 1920-тите, кои се соочуваат со предизвик кога немите филмови почнуваат да одат во историајта.

Меѓу главните ликови во филот ги гледаме Бред Пит и Марго Роби.

The Curious Case of Benjamin Button

Уникатна и мошне добра романса со Бред Пит и Кејт Бланшет во главните улоги.

Бенџамин Батон се раѓа како стар маж, а како што минуваат годините, станува сè помлад и помлад.

Филмот е снимен според кратката приказна на Ф. Скот Фицџералд.

The Batman

За крај, уште еден филм според стриповите на DC, и тоа за најпознатиот суперхерој на сите времиња.

Во најновата адаптација, улогата на Бетмен му припаѓа на Роберт Патинсон, а филмот ја прикажува и детективската страна на суперхеројот.

Откако градоначалникот на Готам Сити е убиен, Бетмен почнува истрага со која разоткрива корупција, но и детали од неговото мрачно минато.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Забавни и непријатни моменти од Оскари 2026 + најсмешните твитови за настанот Леонардо ди Каприо беше прогласен за „крал на мемињата“. Тимоти Шаламе беше мета...
Гол маж на сцената, легендарната шлаканица: Најконтроверзните моменти на Оскарите низ историјата Во 1973-та, Марлон Брандо одби да си ја земе статуетката, следната година гол ма...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...

Најчитани неделава