Што ќе гледате во третата сезона на Game of Thrones

На големо воодушевување на фановите, започна третата сезона на популарната серија “Game of Thrones”, а ние се потрудивме однапред  да ви навестиме што ќе се случува и како ќе се одвиваат сплетканите игри на завојуваните семејства.

zapocna-novata-sezona-na-game-of-thrones-1

Почетокот на секоја нова сезона од “Game of Thrones” е големо телевизиско случување. Тоа е така бидејќи со години не сме виделе квалитетна серија како ова, одозгора зачинета со драма и мајсторски интриги.

За среќа “Game of Thrones” е серија чија популарност расте со секоја нова сезона. Тоа не е ни чудно ако се земе во предвид дека светот на Westeros и Essos е навистина богат, а нивните жители се едни од најинтересните кои сме ги сретнале на екраните.

По поразот на семејството Starks во првата сезона и големата континентална војна во втората, третата сезона ни носи продолжение на оваа епска приказна, а и некои неочекувани пресврти.

Неизбежните политички сплеткарења и надитрувања, животот зад Ѕидот и немирните племиња продолжуваат и во оваа сезона, а да не ги заборавиме и змејовите на русокосата Calisi кои конечно ќе ја покажат својата моќ.

Една од најдобрите работи во оваа фантазија се незаменливите ликови: од симпатичното и мудро џуџе Tyrion (Peter Dinklage), до заводливата и желна за одмазда Daenerys Targaryen (Emilia Clarke).

Како и во предходните две, така и оваа сезона во серијата ќе се појават уште куп нови ликови, па ако имате слободно време добро би било да си повторите кој беше кој.

Еmbrace yourself!!!

zapocna-novata-sezona-na-game-of-thrones-2

zapocna-novata-sezona-na-game-of-thrones-3

zapocna-novata-sezona-na-game-of-thrones-4

zapocna-novata-sezona-na-game-of-thrones-5

zapocna-novata-sezona-na-game-of-thrones-6

Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg