За раните на Леонардо Дикаприо во „The Revenant“ биле потребни 5 часа шминкање (фото)

Една од најодвратните сцени кои ќе имате можност да ги погледнете оваа година е онаа од филмот „The Revenant“ каде главниот лик Хју Глас е нападнат од мечка и се здобива со сериозни повреди на целото тело.

leonardo-di-kaprio-pominuval-sekoj-den-po-5-casa-vo-shminkanje-za-the-revenant-01.jpg

За да се направат што е можно пореални овие повреди, актерот и неговиот шминкер заедно поминувале секој ден по 5 часа во шминкање, а за тоа доказ е една фотографија која беше споделена повеќе од 2.8 милион пати на Imgur.

Шминкерот Данкан Џарман секојдневно и трпеливо ги креирал ужасните рани кои ги имал Глас. За таа цел, тој се служел со историски информации за да направи раните да изгледаат што е можно пореалистично.

Бидејќи ликот имал рани на целото тело, потребни биле многу часови за да се отсликаат раните на актерот, а како што можете да забележите од фотографијата, резултатот е потполно реален.

leonardo-di-kaprio-pominuval-sekoj-den-po-5-casa-vo-shminkanje-za-the-revenant-1.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 забавни (и мрачни) серии на Нетфликс и HBO што ќе ве натераат да размислувате The Outsider или Mare of Easttown ако сакате мрачна крими серија или The Good Pl...
10 популарни понови серии на HBO (кои се достапни и на стриминг платформата) Euphoria чија нова сезона ги подели мислењата или The Pitt, медицинската драма к...
10 понови филмови кои се покажаа како неочекувано добри Новиот филм на режисерот на Parasite, филмот снимен според видеоиграта Minecraft...
Што се случуваше зад сцената на Оскари 2026? (фото+видео) Леонардо ди Каприо му честита на противникот Мајкл Б. Џордан со топла прегратка,...
10 филмови од годинешниот Филмски фестивал во Венеција што треба да ги изгледате Мрачниот Frankenstein на Гиљермо дел Торо или, пак, The Smashing Machine кој се ...
10 (морничави) филмови за мистериозни тајни друштва и култови Некои веруваат дека последниот филм на Стенли Кјубрик, Eyes Wide Shut, е снимен ...

Најчитани неделава