10 забавни (и мрачни) серии на Нетфликс и HBO што ќе ве натераат да размислувате

The Outsider или Mare of Easttown ако сакате мрачна крими серија или The Good Place ако сте расположени за ситком серија, која сепак ќе ве натера да размислувате.

10-zabavni-i-mrachni-serii-na-netfliks-i-hbo-shto-kje-ve-nateraat-da-razmisluvate01.jpg

Ако имате повеќе слободно време, сигурно сте расположени за некоја добра серија, која ќе ве натера да размислувате и која нема да ја заборавите веднаш откако ќе ја изгледате.

На Нетфликс и HBO Max има безброј вакви серии, но ако немате нерви да барате самите, сигурно ќе ви се допадне нешто нашите предлози.

5 серии на HBO што ќе ве натераат да размислувате:

The Outsider

Снимена според истоимената новела на Стивен Кинг, The Outsider е мрачна психолошка драма со само една сезона.

По бруталното убиство на дете во мало гратче, полицијата веднаш го апси главниот осомничен. Но, истрагата тргнува во по малку чудна насока откако полицаец кој работи на случајот почнува да се сомнева дека уапсениот маж навистина е убиецот.

The Undoing

Со Хју Грант и Никол Кидман во главите улоги, The Undoing е уште една мини-серија со мрачна атмосфера.

Главниот лик е Грејс, терапевтка која се подготвува да ја издаде својата прва книга. Но, животот целосно ѝ се менува откако нејзиното семејство е вплеткано во убиство.

The Night Of

The Night Of е серија која се фокусира на комплексноста на правниот систем и дефинитивно ќе ја мислите долго откако ќе ја изгледате.

Главниот лик е млад студент кој ја поминува ноќта по излегување со девојка. Но, следното утро се буди покрај нејзиното мртво тело и станува главен осомничен за убиството.

The Leftovers

Необична драма со Џастин Теру во главната улога.

Дејството е сместено неколку години по мистериозен настан кога исчезнале 2% од луѓето на Земјата, без никакво објаснување.

Главните ликови се група луѓе кои живеат во мало гратче и пробуваат да се адаптираат на новиот живот.

Mare of Easttown

Одлична крими драма со Кејт Винслет во главната улога.

Главниот лик е детективка која ја истражува чудната смрт на млада мајка. Во меѓувреме, се соочува со приватни проблеми и ѝ се чини како животот да ѝ се распаѓа.

На следната страница, 5 серии на Нетфликс што ќе ве натераат да размислувате …



Би можело да ве интересира:

10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...
Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg