Филмови кои вреди да ги изгледате во февруари

Повеќе од очигледно е дека оваа година можеме да очекуваме одлични филмови за гледање, а што ќе имаме можност да погледнеме во февруари?

10-filmovi-koi-vredi-da-gi-izgledate-vo-fevruari-01.jpg

Од суперхерои до супермодели, што ќе гледаме овој месец?

1. „Hail, Caesar!“

Во новиот филм на браќата Коен ќе имате можност да ги погледнете некои од омилените актери како Скарлет Јохансон и Џорџ Клуни во интересен заплет - позната холивудска ѕвезда е киднапирана за откуп. Приказната се случува во Златното доба на Холивуд.


2. „Southbound“

Во овој хорор филм пет приказни наоѓаат заедничка основа како што 5-те ликови за кои се врзуваат овие приказни, се сретнуваат со своите најдлабоки стравови на напуштен автопат.


3. „Deadpool“

Овој долгоочекуван акционен филм ја раскажува приказната за Вејд Вилсон, агент кој подлегнува на експериментална процедура за да го излечи ракот. Како резултат на операцијата тој добива супермоќи и многу мрачна смисла за хумор.


4. „How to Be Single“

Дакота Џонсон во сосема поинакво издание од она жешкото во филмот „Fifty Shades of Grey“. Оваа романтична приказна го прикажува животот на младите луѓе во Њујорк.


5. „Nina Forever“

Филм чија приказна се врти околу чудниот триаголник меѓу Роб, неговата почината девојка Нина и новата љубов Холи. Роб по сообраќајната несреќа на неговата девојка, конечно одново се вљубува во негова колешка, но Нина се враќа и ги прогонува тогаш кога најмалку посакуваат...

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Култни филмови кои ќе беа сосема поразлични ако имаа друга актерска екипа (фото) Го замислувате ли Кевин од „Home Alone“ како Хари Потер? Или Сандра Булок намест...
10 филмови што треба да ги изгледате пред Оскари 2026 Рекордерот Sinners кој освои дури 16 номинации, но и новиот филм ан Леонардо ди ...
Бев на снимањето на новиот филм на Милчо Манчевски - Како си поминав зад сцената? „Дојди да видиш каде снимаме, како изгледа сетот во живо. Па ќе одиме после во р...
10 филмови што секој интелектуалец треба да ги изгледа Напнатиот Prisoners, по малку чудниот The Lobster или, пак, Contagion – филмот к...
10 филмски адаптации на класични романи (што се исто добри колку книгите) Nosferatu снимен според „Дракула“ од Брам Стокер, или одличниот The Great Gatsby...
10 морничави документарци на Нетфликс што ќе ве замислат Новата документарна серија за Пи Диди, морничавиот документарец со сведоштва од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg