10 морничави документарци на Нетфликс што ќе ве замислат

Новата документарна серија за Пи Диди, морничавиот документарец со сведоштва од жртвите на Џефри Епстин или потресниот документарец за последиците од ураганот Катрина.

10-mornichavi-dokumentarci-na-netfliks-shto-kje-ve-zamislat-01.jpg

Можеби мнозинството играни филмови на Нетфликс се далеку од добри, но затоа, пак, стриминг платформата изобилува со документарци за буквално секоја област.

Ако сакате мистерии, но и мрачни вистински приказни, тогаш веруваме дека ќе ви се допадне нашата листа.

Дел од нив се долгометражни, но има и документарни серии што ќе ви пополнат и неколку часа.

10 морничави документарци на Нетфликс:

Sean Combs: The Reckoning

По скандалозното судење на Пи Диди, беше прашање на време кога ќе има и документарец.

Документарната серија која има четири епизоди се фокусира на обвиненијата против Диди и опфаќа неколку децении од неговиот живот и неговата кариера.

Jeffrey Epstein: Filthy Rich

Пред Пи Диди, најзборуван случај беше оној со педофилот Џефри Епстин.

Во четири епизоди, мини-серијата истражува како Епстин ја користел својата моќ за да се скрие од законот.

Во серијата има и потресни сведоштва од негови жртви.

Bad Influence. The Dark Side of Kidfluencing

Децата инфлуенсери веќе станаа норма, но овој документарец се фокусира и на мрачната страна на овој нов феномен.

Во минисеријата, тинејџери и родители зборуваат за малтретирањето и експлоатацијата со кои се соочуваат децата инфлуенсери.

https://www.youtube.com/watch?v=B5PC7hRBz_I

Aileen: Queen of the Serial Killers

Ајлин Вурос е еден од ретките сериски убијци кои се жени.

Документарниот филм на Нетфликс го истражува животот на Ајлин – од нејзиното детство, преку малтретирањето што го трпела, па до нејзините убиства

Scouts Honor: The Secret Files of the Boy Scouts of America

Извидниците се доста популарни во САД и многу деца се дел од вакви здруженија.

Но, овој потресен документарец открива и мрачна страна на извидничко друштво од САД.

Преку сведоштва на жртви и „свиркачи“, документарецот се фокусира на сексуалното малтретирање што го трпеле децата, а што се прикривало со децении.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 премиери и нови сезони на серии до крајот на лето 2026 Римејк на морничавиот Cape Fear од 1991-ва, адаптација на популарната Lord of th...
Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
10-те најконтроверзни филмови и серии на Нетфликс 365 Days можеби беше многу популарен, но беше критикуван дека го прикажува насил...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 популарни понови серии на HBO (кои се достапни и на стриминг платформата) Euphoria чија нова сезона ги подели мислењата или The Pitt, медицинската драма к...
Корејски филм за демони стана вирален хит - децата се опседнати, Новак Ѓоковиќ танцуваше во тој стил „Танцот беше за Тара. Во прашање е песната ‘Soda Pop’ која е глобално популарна ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg