Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Филмови кои треба да ги изгледате пред Оскарите во 2018 година

Darkest Hour

Неповторливиот ултраталентиран Гери Олдман го портретира Винстон Черчил за време на почетните денови од Втората светска војна, кога новоназначениот британски премиер се соочува со една од најтешките задачи – да преговара со Хитлер или да оди во војна против него и покрај малите шанси за победа.

Wonderstruck

Бен и Роуз се деца од две различни декади кои потајно посакуваат нивните животи да се сосема поинакви. Бен очајно копнее по таткото кој никогаш не го запознал, а Роуз сонува за средба со мистериозна актерка за која собира написи во нејзиниот албум.

Откако кај двајцата ќе се појават интересни патокази, тие храбро тргнуваат во отплеткување на мистериите.

Molly’s Game

Возбудлив и интригантен, работен според вистинската приказна на Моли Блум, поранешна олимписка натпреварувачка во скијање која го предводела еден од најексклузивните коцкарски клубови во Америка и станала мета на ФБИ.

Mother!

Последното режисерско остварување на Аронофски за некои е ремек-дело, за други вистинско промашување. Критиките се мошне поделени, а за да го оформите своето мислење погледнете го филмот кој ја следи приказната на брачен пар чија мирна идила е нагло прекината од посетителите во нивната куќа кои одбиваат да си заминат.

Breathe

Инспиративната љубовна приказна на Робин и Дајана Кевендиш ќе ви ги зароби срцата и ќе ви ја врати надежта во љубовта, откако парот ќе се соочи со смртоносната болест кај еден од партнерите.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
Сите добитници на Оскари 2025: „Anora“ триумфираше со 5 статуетки, „The Brutalist“ со 3 Оскари „Anora“ е филм снимен за само шест милиони долари, што е мала сума за холивудски...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg