Филмови кои треба да ги изгледате пред Оскарите во 2018 година

Предвидувањата за престижната филмска награда Оскар веќе започнаа.

Filmovi-koi-treba-da-gi-izgledate-pred-Oskarite-2018-01.jpg

Кој ќе биде најдобриот филм за годинава која полека изминува? Секако, меѓу најатрактивните категории се и оние за најдобар актер и актерка, како и најдобар режисер.

Иако официјалните номинации сè уште не се објавени, од шушкањата веќе се издвојуваат десетици филмски наслови за најдобар филм, од кои ви предлагаме да ги погледнете следниве:

Dunkirk

Според многумина, ремек-делото на режисерот Кристофер Нолан заслужува да се најде во категоријата најдобар филм, но и најдобар режисер, споредна машка улога и оригинално сценарио.

Филмот ја доловува бестрашната битка за време на Втората светска војна помеѓу група белгиски, француски и британски војници кои се на една страна и германската армија на спротивната.

Get Out

Можеби сме го споменале неколку пати досега, но доколку сè уште не сте го изгледале, поправете ја грешката во најкус можен рок.

Филмот кој апсолутно ги освои и публиката и критичарите ја следи приказната на млад афроамериканец кој со својата девојка тргнува да ги запознае нејзините родители.

Но, тие не се онакви какви што се претставуваат и пријатната средба наскоро се претвора во кошмар каков што не можете да си замислите.

The Big Sick

Комичен и сериозен, тажен и весел истовремено, The Big Sick е работен според вистинската приказна на пакистанскиот комичар Кумал Нанџани кој започнува врска со Емили, додека двајцата се соочуваат со културолошките разлики меѓу нив.

Но, откако Емили ќе се соочи со мистериозна болест и ќе падне во кома, Кумал ќе ги запознае нејзините родители и ќе се соочи со своите вистински чувства.

The Florida Project

Дејството се случува за време на едно лето, а го следи животот на 6-годишната Муни и нејзината проблематична мајка кои живеат во мотел, како и поголемиот дел од другарчињата на Муни, во сенката на блескавиот Дизниленд кој се наоѓа во непосредна близина.

Battle of the Sexes

Вистинска приказна која го прикажува историскиот тениски меч од 1973 година помеѓу женскиот рекет бр. 1 Били Џин Кинг и поранешниот шампион Боби Ригс.

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg