Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Одлично направени филмови од кои ќе ве полазат морници

You’re Next (2011)

Дејвисонови се семејство од високата класа, но прилично оддалечени едни од други. Кога родителите решаваат да ја прослават годишнината од брак ги канат своите 4 деца и нивните партнери со цел повторно да се зближат. Но, кога се нападнати од група манијаци со маски од животни на главите, тие мора да соработуваат заедно за да преживеат.

https://www.youtube.com/watch?v=z03aZsgf9FE

Hush (2016)

Меди е глува писателка која се повлекува во нејзината колиба во шумата со цел да живее помирен живот и да работи во мир. Но, нејзината мирна осаменост е загрозена кога маскиран убиец ненадејно се појавува на прозорецот.

Lights Out (2016)

Ребека одамна е замината од дома и мисли дека сите нејзините трауми од детството ги има оставено зад себе. Но, наскоро сфаќа дека истите го мачат нејзиниот помал брат. Никој не се чувствува безбеден во семејната куќа, додека нивната мајка се однесува крајно бизарно.

10 Cloverfield Lane (2016)

Мишел доживува сообраќајна несреќа и ја спасува човек кој ја држи во заробеништво. Тој не ѝ дава да излезе од неговото засолниште и ја убедува дека светот надвор е изложен на опасно хемиско оружје.

It Follows (2014)

Џеј е безгрижна тинејџерка која спие со нејзиниот дечко Хју за прв пат, но наскоро започнува да ја следи некаква натприродна сила која ја носи до очај, страв и агонија. Нејзините пријатели не ѝ веруваат додека не започнат да ги гледаат истите работи кои ги гледа и таа.

Don’t Breathe (2016)

Тројца вешти крадци од Детроит ограбуваат куќи на богати луѓе. Следната нивна цел е куќа на воен ветеран со многу пари кои ги добил со спогодба. Но, она што изгледа како лесна цел се претвора во кошмар кога ќе останат заробени во куќата со сопственикот кој не е толку наивен како што изгледа.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 филмови со кучиња кои можете да ги гледате и со вашите деца Љубовта кон животните е посебна, а кучето, како најдобар пријател на човекот, мо...
Сите добитници на Оскари 2025: „Anora“ триумфираше со 5 статуетки, „The Brutalist“ со 3 Оскари „Anora“ е филм снимен за само шест милиони долари, што е мала сума за холивудски...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg