Одлично направени филмови од кои ќе ве полазат морници

Понекогаш е добро да се погледне некој филм кој ќе ве држи на работ од креветот и нервите. Напната атмосфера, приказни со пресврти од кои ќе ве полазат морници.

Odlicno-napraveni-filmovi-od-koi-ke-ve-polazat-mornici-01.jpg

Време е за филмски маратон кој долго ќе го паметите. Само внимавајте, доколку сте од оние типови кои подоцна се плашат да отидат сами до тоалетот, задолжително гледајте ги филмовите во друштво:

Winchester (2018)

Работен според вистинити настани, Сара Винчестер е богата наследничка на компанијата која произведува огнено оружје. Таа гради масивна куќа со повеќе од 100 соби и верува дека ја прогонуваат духови кои низ годините се убиени со оружја од нивната фабрика.

I Saw the Devil (2010)

На еден осамен мрачен пат таксист налетува на уплашена млада жена чиј мотор се расипал. Тој застанува, но не за да ѝ помогне. Откако нејзината глава ќе биде пронајдена во локалната река, свршеникот на убиената девојка, трениран таен агент, се опседнува со нејзиниот убиец.

Maniac (2012)

Френк има продавница за кукли која ја наследил од мајка си. Додека му помага на млад уметник да ја постави неговата изложба, мрачните тајни на Френк започнуваат да испливуваат на површина.

The Collection (2012)

Елена се искрадува од својата куќа и оди на ексклузивна забава, каде што ја очекува буквален хорор. Изопачен криминалец познат по името „Собирачот“ доаѓа на забавата во потрага по нови жртви. Елена успева да ослободи еден од неговите заробеници. Но, тој сега има задача – да се врати на местото на злосторството и да ја ослободи неа.

Stake Land (2010)

Во пост-апокалиптичен свет каде што поради чума Америка се претвора во земја на вампири, ловец патува заедно со сираче преку земјата со цел да стигнат до безбедно прибежиште.

https://www.youtube.com/watch?v=NhqNcrk5O3I

Листата продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg