Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 анимирани серии кои секој треба да ги изгледа некогаш

Сите оние кои мислат дека анимираните серии се за деца, очигледно никогаш не изгледале ниту една епизода од следниве ТВ серии.

5-Animirani-serii-koi-treba-da-se-vidat1.jpg

Повеќето од овие серии се далеку од детски, и за поголемиот дел од нив е потребен родителски надзор. На еден или друг начин, сите тие опфаќаат општествени теми и секојдневни моменти кои ги изразуваат низ нивната сатира.

Петте најдобри анимирани комични серии кои треба да се изгледаат:

Симпсонови

Симсонови е серијата со најдолг стаж на оваа листа. Трае веќе 29 сезони, и не изгледа како да ќе забави со својот хумор. Се работи за сатиричен приказ на работниот живот на семејството Симпсонови, кое се состои од Хомер, Марџ, Барт, Лиса и Меги.

Семејството живее во фиктивен град наречен Спрингфилд, и главна тема е исмевањето на Американските општество и култура.

Саут парк

Саут парк е серија која трае веќе 21 сезона. Вистинските фанови ќе се потсетат на нејзините почетоци и начинот на анимација кој е применет при создавањето на серијата.

Серијата го опфаќа светот околу 4 деца: Стен, Картмен, Кајл и Кени, кои постојано се соочуваат со најразлични бизарности. Главна тема е американската политика, како и општеството и културата.

Поради вулгарниот јазик, оваа серија се препорачува да се гледа со родител/старател.

Фемили гај

Ова е серија која трае 16 сезони, и која го опфаќа секојдневниот живот на семејството Грифин. Семејството се состои од Питер, Луис, Крис, Мег, Стуи и песот Брајан.

Семејството живее во фиктивен град наречен Кохог, кој се наоѓа во Роуд Ајленд. Главна тема исмевањето на американската културна сцена, како и политиката и општествениот живот во земјата (а понекогаш и пошироко).

Футурама

Футурама има 7 сезони, и е научно фантастична серија која го следи животот на Филип Џ. Фрај, кој е доставувач на пица од доцниот 20-ти век, а сега работи во „Планет експрес“, компанија која се бави со доставување на интерпланетарни релации.

Фрај се наоѓа во 31-ви век, откако бил несвесно замрзнат илјада години. Останатите главни ликови се Лила, Бендер и Линда.

Рик и Морти

Оваа серија е релативно нова, и има само 3 сезони. Нејзиниот квалитет беше брзо препознат преку освојување на наградите „Најдобра анимирана серија“ во 2015 и 2017, како и ТВ серија на годината за 2017.

Серијата ги опфаќа нередите и пакостите кои ги прават циничниот и налудничав научник Рик Санчез, и неговиот добродушен внук Морти Смит, кои го поминуваат времето половина во нормалниот свет, а половина на авантура во некоја друга димензија.

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 (мини) серии на HBO Max, совршени за продолжен викенд Српската „Сабља“ или The Penguin за оние кои ја сакаат помрачната верзија на Бет...
10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
Ги гледав првите две епизоди од серијата „Сабја“ за атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ – Зошто не можам да г... Зошто Зоран Ѓинѓиќ бил убиен? Кој бил радикалниот чекор што тој го направил за д...
Холивудски актери кои изгубиле милиони бидејќи одбиле улоги Можете ли да го замислите Вил Смит како Нео од The Matrix? А, Мет Дејмон во глав...
Серијата „Сабја“ е посветена на атентатот врз Ѓинѓиќ од 2003-та година: „Не сакавме да го прикажеме ... „Не сакавме да зборуваме за некој спасител. Еден дел од Србија го идеализира Зор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg