Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 комични актери во сериозни филмови

Луи Си Кеј

Познатиот стенд-ап комичар, својата сериозна страна ја покажа во серијата „Horace and Pete“, на којашто исто така е и сценарист и режисер. Тој го глуми Хорас, кој заедно со својот брат Пит е сопственик на бар кој постои генерации наназад.

Зак Галифианакис

Неповторливиот комичар познат по своите улоги во „The Hangover“, „Due Date“ и други, ја покажа својата сериозност во ТВ серијата „Baskets“, глумејќи ги близнаците Чип и Дејл.

Џејми Фокс

Неверојатниот американски комичар, можеби најпознат помеѓу луѓето по својата и не толку комична улога - Џанго од „Django Unchained“, својата сериозна страна најдобро ја покажува во „Collateral“, како и во „Ray“.

Во првиот, тој е Макс, таксист кој не сакајќи станува заложник на платен убиец кој го тера да го вози низ градот додека тој си ја врши работата. Вториот филм е биографија на легендарниот Реј Чарлс.

Вил Ферел

Комичарот помеѓу луѓето познат по неговите луди и откачени улоги во „Old School“, „Elf“, „Anchorman“, „Step Brothers“, а неговата сериозност ја покажува во „Everything Must Go“, каде што тој ја игра улогата на Ник Холсли, човек кој е отпуштен од работа поради инцидент поврзан со алкохолизам, по што целиот живот му тргнува во надолна линија.

Еди Марфи

Легендарниот Еди Марфи, кој е познат по неговите улоги во „48 Hours“, „The Nutty Professor“, „Shrek“ и други, неговата сериозна страна ја покажува во „Dreamgirls“, каде што тој ја игра улогата на Џејмс „Thunder“ Ерли, кој е музичка ѕвезда чии пратечки вокали треба да станат девојките наречени „The Dreamettes“.

еНВи | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Холивудски актери кои изгубиле милиони бидејќи одбиле улоги Можете ли да го замислите Вил Смит како Нео од The Matrix? А, Мет Дејмон во глав...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 филмови кои ја прикажуваат мрачната страна на алчноста за пари и моќ The Wolf of Wall Street е можеби најдобар пример за мрачната страна за желбата з...
Рајан Гослинг и уште 8 познати актери кои добиле отказ од филм (и зошто) Меган Фокс го навреди режисерот на серијалот Transformers, го спореди и со Хитле...
Серијата „Сабја“ е посветена на атентатот врз Ѓинѓиќ од 2003-та година: „Не сакавме да го прикажеме ... „Не сакавме да зборуваме за некој спасител. Еден дел од Србија го идеализира Зор...
10 филмови на Нетфликс снимени според вистински приказни First They Killed My Father е потресен филм во режија на Анџелина Џоли кој ја по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg