10 комични актери во сериозни филмови

Кога ќе се навикнете некој актер да ве анимира и забавува, многу е тешко да го сфатите сериозно во неговата следна улога, која тотално се коси со сите претходни.

10-komicni-akteri-vo-seriozni-filmovi-001.jpg

Овие 10 комичари изградија кариера и слика како едни од најзабавните, но решија да се појават и во сериозни филмови, за промена:

Стив Карел

Познат по своите урнебесни ликови во „40 year old virgin“, „Anchorman“, „The Office“ и други, актерот ја покажа својата сериозна страна во филмот „Foxcatcher“, каде што се појавува во улога на мултимилионерот Џон ду Понт, кој е лидер на тимот „Foxcatcher“ кој тренира за Олимписките игри во Сеул во 1988-ма.

Бил Мареј

Комичарот познат по своите улоги во „Caddyshack“, „Ghostbusters“, „Groundhog Day“ и други, својата сериозна страна ја покажува во „Lost in Translation“, каде што ја игра улогата на Боб Харис – средовечен американски глумец кој е во Токио да сними реклама за виски. Таму ја запознава Шарлот и стануваат нешто повеќе од пријатели.

Џим Кери

Познатиот Лојд од „Dumb And Dumber“, односно Ејс Вентура од истоимениот филм, докажа дека е многу повеќе од само комичар. Својата сериозност ја покажа во „Eternal Sunshine of a Spotless Mind“, како и во „Number 23“ и „The Truman Show“. Сите 3 се филмови кои мора да се погледнат.

Робин Вилијамс

Легендарниот комичар беше неверојатен во кој филм и да се појави. Сепак, неговата сериозна страна ја покажа на неколку наврати и тоа во „Good Will Hunting“, „Dead Poet's Society“...

Во првиот, тој е психолог кој пробува да му помогне на проблематичниот генијалец Вил Хантинг (Мет Дејмон). Во вториот, тој е Џон Китинг, професор по англиски јазик и литература кој ги освојува срцата на своите ученици преку несекојдневниот начин на предавање, како и посветеноста и блискоста спрема нив.

Вил Смит

Познатиот комичар чии најпознати улоги се во „The Fresh Prince of Bel-Air“, „I Am Legend“ и „Man in Black“, својата сериозност ја има покажано на неколку наврати и тоа во прилично тешки филмови како што се: „The Pursuit of Happiness“ каде што ја игра улогата на Крис Гарднер, кој е сиромашен продавач на медицински скенери, и кој ја бара животната шанса за успех, додека се грижи за својот син.

Во „Seven Pounds“ тој е Бен, човек кој си дал задача да го смени животот на седум луѓе, со цел да се искупи за своето минато.

Уште 5 актери на следната страна...



Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Браќата Манаки и уште 4 семејни тандеми што оставија голем белег во филмската индустрија Браќата Манаки се првите филмски сниматели на Балканот и, на некој начин, ги пос...
10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести The Father премногу реално ја прикажува битката со којашто се соочуваат луѓето с...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg