Нови филмови кои со огромно нетрпение ги очекуваме во есен 2018
Филмската есен е на прагот. Од септември до ноември жедно ги очекуваме најновите наслови, особено оние кои се вбројуваат во најголемите филмски фанатици.
А новата филмска сезона дефинитивно нуди од сè по нешто за сечиј вкус – крими, мистерија, трилер, биографија, романса и филм работен според популарен стрип.
Што ќе гледаме оваа есен?
A Simple Favor
Стефани е мајка која има свој блог. Таа започнува дружба со Емили која брзо станува нејзината најдобра пријателка. Но, Емили мистериозно исчезнува од малиот град, а Стефани ја започнува потрагата по пријателката.
Mandy
Дали ова е филмот кој ќе го врати сјајот на кариерата на Николас Кејџ? Тој го глуми Ред Милер, вдовец кој е во потрага по водачот на садистичка религиозна секта, главните виновници за смртта на неговата сакана сопруга.
The House with a Clock in Its Walls
Луис е 10-годишно момче кои оди да живее во куќата на неговиот вујко. Но, куќата е мрачна и необична, а од нејзините ѕидови одекнуваат звуци од стрелки на часовник. Кога момчето случајно ќе ги разбуди мртвите, малото заспано гратче живнува и открива таен свет на вештерки и волшебници.
Venom
Долго очекуваниот филм работен според стрипот на Марвел го прикажува Venom, алтер-егото на Еди Брок кој откако ќе се стекне со супер моќи на трансформација е принуден да ја открие својата лоша страна со цел да го спаси сопствениот живот.
A Star is Born
Добро познатата холивудска приказна го доживува својот трет римејк, во кој се појавуваат Бредли Купер и Лејди Гага. Али е талентирана музичарка и актерка која ќе доживее успех и слава со помош на својот ментор Џексон, поранешна ѕвезда кој се бори со алкохолизмот.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





