Актерите барале сценарија според оставени траги: Интересни факти за вашите омилени хорор филмови


Актерите барале сценарија според оставени траги: Интересни факти за вашите омилени хорор филмови

Иако хоророт како жанр не ѝ е омилен на пошироката публика, постојат вистински фанови кои уживаат во овие филмови.

interesni-fakti-za-vashite-omileni-horor-filmovi-01.jpg

Но, без разлика дали ги сакате или не, голем број хорор филмови оставиле значаен белег во филмската индустрија.

За љубителите на хорорите, ги издвоивме следниве факти:

1. „The Exorcist“ е прв хорор со номинација за Оскар за најдобар филм

Всушност, овој филм доби 10 номинации, без разлика на тоа што Академијата и не е љубител на хорорите.

interesni-fakti-za-vashite-omileni-horor-filmovi-02.jpg

2. „Psycho“ е прв американски филм со сцена која прикажува тоалет

Исто така е и прв филм во САД во кој се гледа како се пушта вода од казанчето.

interesni-fakti-za-vashite-omileni-horor-filmovi-03.jpg

3. Стивен Кинг не е фан на „The Shining“

Кинг имал големи очекувања, но бил разочаран од крајниот резултат. Нему не му се допаѓал ни Џек Николсон како избор за главната улога.

interesni-fakti-za-vashite-omileni-horor-filmovi-04.jpg

4. Постои причина зошто ајкулата ретко се појавува целосно во „Jaws“

Механичката ајкула употребена за снимањето ретко работела како што треба, па во преден план ја гледаме дури по еден час и 21 минута.

interesni-fakti-za-vashite-omileni-horor-filmovi-05.jpg

5. Брајан Де Палма мислел дека Сиси Спејсeк не е соодветна за Кери

Иако бил фан на Спејсeк, Де Палма сметал дека таа не би можела да биде неговата Кери во истоимениот филм. Тој ја примил на аудиција благодарение на ургенциите од нејзиниот сопруг Џек Фиск, кој бил уметнички директор на филмот.

Бонус факт: Раката во последната сцена од филмот исто така е на Спејсeк.

interesni-fakti-za-vashite-omileni-horor-filmovi-06.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Кои се вистинските имиња на славните актери? „Не постои бизнис како шоу-бизнис“. Филмските ѕвезди најдобро го знаат тоа. Не б...
29 години од објавувањето на најдобриот божиќен филм на сите времиња - „Home alone“ Мирис на борови дрвја, ладен и крцкав снег, елки накитени со безброј шарени ламп...
Најдобрите филмски премиери во септември - што ќе гледаме оваа есен? Оваа филмска есен е исполнета со многу нови премиери од речиси сите жанрови.&nbs...