Талентирана и скоро совршена - 10 најдобри филмови на Блејк Лајвли
Занесната платинеста русокоса отстапува од сите стереотипи и вицеви за „плавуши“. 31-годишната ѕвезда се прослави со улогата на Серина ван Дер Вудсен во популарната тинејџ ТВ серија „Gossip Girl“.
Од тогаш поминаа точно 11 година, а Блејк работи со полна пареа, градејќи кариера која не е за потценување. Актерката се соочи со повеќе предизвици кога станува збор за филмските улоги и најзабележителна беше во:
Savages
Режисерската палка ја презема Оливер Стоун во оваа напната крими-драма, во која Лајвли ја глуми Офелија Сејџ, млада жена која е во отворена врска со двајца најдобри другари, дилери на дрога.
Green Lantern
Филмот не наиде на особено одобрување од страна на критичарите и публиката, но сепак, тука започна и вистинската љубовна приказна на Блејк и Рајан Рејнолдс која успешно се пренесе од филмското платно во реалноста.
Керол Ферис е долгогодишната љубов на Хал Џордан, односно супер херојот Green Lantern.
The Age of Adaline
Ова е можеби и најдобриот филм на Лајвли досега. Адалејн е млада жена која мистериозно престанува да старее на возраст од 29 години. По многу изминати години во кои таа не остарела ниту еден ден и многу сменети идентитети, таа конечно ќе пронајде љубов. Но, вреди ли да ја ризикува нејзината тајна?
Sisterhood of the Traveling Pants 1&2
Смешен, тажен, реален, романтичен и инспиративен, така може од прилика да се долови семејниот филм кој ја раскажува приказната за 4 најдобри другарки и еден магичен пар фармерки кој им стои подеднакво добро на сите. Задолжително изгледајте ги двата дела.
All I See Is You
Блејк ја глуми Џина, млада слепа жена која по долго време конечно успева да прогледа. Одеднаш, таа започнува да го гледа и анализира својот живот со сосема поинакви очи, буквално и метафорички.
https://www.youtube.com/watch?v=ffp8XiGPKpo
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





