Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Толку лоши што се одлични за гледање - листа на божиќни филмови од кои добро ќе се изнасмеете

Има добри, има лоши филмови и има – божиќни филмови. А според некое непишано правило, ретко кога ваквите филмови обоени со новогодишно-божиќна тематика се добри.

Lista-na-bozikni-filmovi-od-koi-dobro-ke-se-iznasmeete-01.jpg

Најчесто приказна е млака, ликовите исклучително површни, глумата просечна кон лоша, а дијалозите вистинско клише.

Но, доколку сакате да го ставите „мозокот на пасење“, да ги растерате грижите и добро да се изнасмеете на целата таа баналност, време е за следните 10 филмови, за кои дефинитивно ќе го употребите хаштагот #crappychristmasmovies:

Deck the Halls (2006)

Двајца соседи започнуваат вистинска војна поради една единствена причина – чија куќа ќе биде подобро украсена за Божиќ.

Christmas with the Kranks (2004)

Лутер и Нора Кренк се конечно сами без своите деца и наместо да се занимаваат со целата празнична традиција решаваат да одат на крстарење на Карибите. Но, нивните соседи кои се прилично опседнати со Божиќ имаат поинакви планови за нив…

A Christmas Prince: The royal wedding (2018)

Верувале или не, ова е вториот дел од љубовната приказна на Амбер, млада девојка која е новинарка и блогер и е свршена за принцот на Алдовија. Во овој дел тие се соочуваат со многу прашања за нивната иднина. За целосно уживање, погледнете ги двата дела.

Christmas Inheritance (2017)

Елен е амбициозна и богата наследничка која треба да го преземе бизнисот на татко си, но претходно мора да достави специјална божиќна честитка до неговиот поранешен бизнис партнер.

Jingle All the Way (1996)

Грижлив татко му ветува на своето синче дека ќе му ја купи посакуваната Турбо Мен играчка за Божиќ. Но, играчката е продадена во сите продавници, па тој ја започнува својата потрага низ градот.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...
10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg