Филмови од кои нема да сакате да испуштите ниту секунда

Доколку преферирате филмови со многу акција, брзо дејство и солиден заплет, ги имаме вистинските предлози за вас. Нема да сакате да направите ниту една пауза, ниту пак ќе ви текне да погледнете во телефонот.

Filmovi-od-koi-nema-da-sakate-da-ispustite-sekunda-01.jpg

Трилер, многу акција и малку мистерија, одберете ги вашите фаворити за претстојниот филмски викенд:

Mortal Engines (2018)

Стотици години откако цивилизацијата на земјата е уништена по огромна катаклизма, мистериозна млада жена по име Естер Шо сака да влезе во Лондон, кој сега е огромен и подвижен предаторски град на тркала.

Edge of Tomorrow (2014)

Земјата е нападната од страна на вонземјани кои изгледаат непобедливо. Но, еден од војниците постојано го преживува истиот ден, истата борба и сопствената смрт. Полека започнува да сфаќа како може да ги победи вонземјаните.

Law Abiding Citizen (2009)

Неговото семејство е мртво. Откако судот нема да успее да ги казни сторителите, човекот кој нема да изгуби повеќе ништо ја презема правдата во своите раце казнувајќи ги сите виновници.

From Paris with Love (2010)

Џејмс кој работи во американската амбасада во Париз се здружува Чарли, шпион со чија помош треба да го запре терористичкиот напад во главниот град на Франција.

Colombiana (2011)

Откако нејзините родители ќе бидат ладнокрвно убиени во Богота, Каталеја ќе израсне во немилосрден и свиреп убиец.

https://www.youtube.com/watch?v=pL6fiKeXvS8

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
10 филмови кои траат (речиси) 3 часа, а вреди да ги изгледате Troy, The Batman, Dances with Wolves – ова се филмови кои траат речиси три часа,...
Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за оскаровската трка “Приказната за Силјан” не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гла...
10-те најпопуларни (и најдобри) филмови од 2025-та, според IMDb Хорор-филмови, акциона комедија со Леонардо ди Каприо, но и одличната адаптација...
10 комплексни филмови за кои луѓето се преправаат дека ги разбрале (со едно гледање) Donnie Darko и Inception кои веќе се сметаат за класика, но и релативно новиот I...

Најчитани неделава