Најдобрите филмски премиери во септември - што ќе гледаме оваа есен?


Најдобрите филмски премиери во септември - што ќе гледаме оваа есен?

Оваа филмска есен е исполнета со многу нови премиери од речиси сите жанрови.

Najdobrite-filmski-premieri-vo-septemvri-01.jpg

Неколку продолженија, адаптации на книги, автобиографии, заокружување на добро познати франшизи како Рамбо… се наоѓа од сè по нешто за сечиј вкус.

Што ново ќе гледаме оваа есен?

IT Chapter Two

27 години подоцна, злокобниот кловн Пенивајз се враќа во заспаното гратче Дери и повторно ги прогонува членовите на поранешниот Losers‘ Club, иако тие не се повеќе мали деца.

Night Hunter

Полковник, неговите полициски сили и локалното население се сите вплеткани во опасна шема во која е вклучен неодамна уапсен, проблематичен маж, кој пак е поврзан со години на киднапирања и убиства на жени.

Hustlers

Инспириран од популарната статија објавена во Њујоркер, филмот ја следи екипата на сомнителни, поранешни вработени девојки во стриптиз клуб кои се собираат заедно со цел да ги измамат богатите клиенти од Вол Стрит.

Can You Keep a Secret?

Мислејќи дека авионот ќе се сруши, Ема ги истура сите свои тајни на странецот што седи до неа. Сè додека не се запозна со Џек, младиот извршен директор, кој очигледно ги знае сите понижувачки детали поврзани со неа. Филмот е работен според популарниот роман на Софи Кинсела.

Tall Girl

Џоди е убедливо највисоката девојка во средното училиште и секогаш се чувствувала непријатно во сопствената кожа. Но, по неколкугодишното малтретирање од страна на нејзините врсници и избегнување на вниманието по секоја цена, таа конечно решава за застане гордо и исправено, онолку колку што е висока.

Продолжува на следната страна…



Би можело да ве интересира:

Најдобрите 10 нови серии од 2019 година 2019 година се покажа како многу солидна кога станува збор за премиерите на сосе...
Ќе останувате дома за Нова година? Предлог серии кои ќе ги изгледате в... Да се остане дома за Нова година воопшто не е најтрагичното нешто коешто може да...
Најдобрите ТВ мини серии од 2019 година за кои мора да најдете слободн... Ја „ситниме“ 2019 година, а таа нè изненади со одлични филмови и ТВ серии. Сепак...