Хомофобична, расистичка, сексистичка - зошто Милениумците ја мразат серијата FRIENDS?

Родените помеѓу 1980 и 2000 година, популарно наречени „Милениумци“ (ориг. Millennials), се запрепастиле од содржината на популарната ТВ серија „Пријатели“ (FRIENDS) откако ги изгледале епизодите кои се прикажуваа во текот на 10-те сезони.

Zosto-Mileniumcite-ja-mrazat-serijata-Friends-01.jpg

И додека најголемиот дел уживавме во авантурите на Рос, Моника, Рејчел, Чендлер, Џои и Фиби, и за поголемиот дел FRIENDS е сè уште ненадмината серија во поглед на хуморот, Милениумците ја прогласиле серијата за шовинистичка, хомофобична, расистичка, сексистичка…

...и шегите коишто биле напишани за потребите на серијата пред 25 години, денес не би го поминале ниту првиот драфт, според нивното мислење.

Еве зошто Милениумците не ја одобруваат серијата „Пријатели“:

Моментот кога на Рос му пречи што неговиот син си игра со кукла

Во епизодата кога Рос открива дека омилената играчка на неговиот син Бен е Барби кукла, тој прашува: Зошто мојот син си игра со барбика?

Тој на некој начин се убедува дека неговата поранешна сопруга која е лезбијка и има нова партнерка после разводот со него, го натерала Бен да си игра со кукла. Тој по секоја цена сака да го натера своето дете да си игра со играчка-војник, неодобрувајќи го неговиот избор.

Поука: Немој да бидете хомофобични и дозволете му на своето дете да биде она што сака да биде.

Епизодата кога Рејчел го вработува Тег само затоа што е убав

Според Милениумците, развојот на дејствието е еднакво на сексуална злоупотреба. Рејчел го вработува 24-годишниот Тег како нејзин асистент, само затоа што тој е згоден и прекрасен и таа е заинтересирана за него, не затоа што тој е квалификуван за работата.

На крајот, тие раскинуваат, затоа што Рејчел смета дека тој е премногу незрел за неа.

Поука: Не вработувајте некого, само затоа што сте сексуално или емотивно заинтересирани за нив.

Zosto-Mileniumcite-ja-mrazat-serijata-Friends (4).jpg

Кога Џои е етикетиран како премногу „феминизиран“

Цела една епизода е посветена на чантата која ја носи Џои, во која сите го предупредуваат дека станува збор за женска чанта, иако според Милениумците тоа е едноставна унисекс чанта која се носи преку рамо.

Тој е предмет на потсмев и исмејување, воедно и поради тоа што Џои појаснува дека понекогаш сака да носи шминка.

Поука: Не ги дискриминирајте луѓето поради работите коишто ги сакаат, односно не бидете сексисти!

Моментот кога Рос не можеше да прифати дека има машка дадилка

Рејчел најми прилично квалификувана дадилка за детето. Но проблемот е во тоа што дадилката беше маж кој го глумеше актерот Фреди Принџ Џуниор.

Тој воедно беше премногу сензитивен, па Рос ја искористи секоја можна пригода да го понижи и исмее. Според Милениумците целата ситуација е премногу стереотипна и реакцијата на Рос е исполнета со сексизам.

Поука: Одбегнувајте ги стереотипите и сексизмот.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Ч... Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
Опенхајмер не се дружел со Ајнштајн, сметал дека е лудак - Што е вистина, а што измислица во филмот? Вистина е дека Опенхајмер навистина сакал да си го отруе менторот, но тоа не бил...
10 серии (за продолжен викенд) што ќе ве држат во неизвесност до последната епизода Fargo, Twin Peaks и Sherlock се дел од сериите кои ќе ви го пополнат слободното ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg