Хомофобична, расистичка, сексистичка - зошто Милениумците ја мразат серијата FRIENDS?

Кога ѝ се смееја на Моника за тежината

Една од најчесто споменуваните теми низ серијата беше тежината на Моника, односно вишокот на килограмите кои таа ги имала во минатото. Во еден момент Џои вика „Некоја девојка ја изела Моника“ додека гледа видео од нејзината матурска вечер.

Пријателите на Моник очигледно не ѝ дозволуваат да заборави дека некогаш имала вишок на килограми.

Поука: Немојте да им се смеете на луѓето кога станува збор за нивниот физички изглед.

Zosto-Mileniumcite-ja-mrazat-serijata-Friends (2).jpg

Моментот кога Рос станува опсесивен и контролирачки настроен

Врската на Рејчел и Рос не е баш сјајна, а ова најмногу се должи на однесувањето на Рос. Кога пријателот на Рејчел, Марк, ѝ нуди работа, Рос станува несигурен и опсесивен.

Тој е убеден дека Рејчел има некакви чувства за него и дека ќе ја изгуби. И додека многумина го сметаа ова однесување за симпатично, Милениумците се согласуваат дека е нездраво и непријатно.

Поука: Верувајте му на вашиот партнер.

Кога Чендлер се сретна со неговиот татко кој е трансродово лице

Таткото на Чендлер е трансродово лице кое го глуми Кејтлин Тарнер во серијата. Чендлер е постојано засрамен од неа и прави несолени шеги на нејзината сметка.

Пријателите воопшто немаат обѕир и не се воздржуваат кога станува збор за нејзината операција и целокупната нејзина интима е на „тапет“.

Поука: Бидете инклузивни и почитувајте ги сите – не бидете трансфобични.

Во серијата се појавија само 2 луѓе кои не се белци

Зборот диверзитет едноставно не постои во „Пријатели“. Рос се гледаше со Џули која беше Азијка, а подоцна во текот на серијата со доктор Чарли Вилер, која беше афро американка. Сите останатите актери како и гостите во серијата се белци.

Поука: Потребен е поголем диверзитет во кастингот на серијата.

Zosto-Mileniumcite-ja-mrazat-serijata-Friends (3).jpg

Кога Чендлер станува параноичен затоа што луѓето мислеа дека е хомосексуалец

Во текот на серијата, Чендлер е етикетиран како премногу феминизиран, а некои дури го доживуваат и како геј. Кога луѓето имаат такво мислење за него, тоа се потенцира и Чендлер се срами од ова. Тој има потреба постојано да докажува дека е хетеросексуалец.

Поука: Уште еднаш – не треба да се биде хомофоб.

Моментот кога Рос се состанува со една од неговите студентки

Во епизодите кога Рос ќе предава на универзитетот, тој дознава дека една од неговите студентки е вљубена во него. Иако започнува да се состанува со Елизабет, тој не гледа никаков проблем во ова, дури е изненаден како може да биде отпуштен од страна на администрацијата.

Но, очигледно ова правило не важи за него, и тој продолжува да се гледа со неа, криејќи ја врската.

Поука: Кога треба да криете дека се гледате со некого, тоа значи дека е сосема погрешно, односно немојте да излегувате со вашите ученички и студентки.

Zosto-Mileniumcite-ja-mrazat-serijata-Friends (1).jpg

Што мислите вие? Дали Миленумците се во право или пак претеруваат со нивните осуди и чувствителност кога се работи за една од најомилените серии на сите времиња?

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Епизодата кога сите загубивме пријател“: Најзабавните моменти од „Friends“ со засекогаш омилениот Ч... Забавната игра во која Чендлер и Џои го добиваат станот на Моника и Рејчел, но и...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
Опенхајмер не се дружел со Ајнштајн, сметал дека е лудак - Што е вистина, а што измислица во филмот? Вистина е дека Опенхајмер навистина сакал да си го отруе менторот, но тоа не бил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg